Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бегалска криза: Унгарците помеѓу солидарноста и стравот

0
By Светлана Јовановска on September 4, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Како одговор на бегалската криза, Унгарија се подготвува да усвои закон според кој илегалното минување на границата ќе се третира како криминал а не како прекршок како што тоа досега беше случај. Освен тоа Унгарија испраќа војска која треба да ја чува границата и става бодликава жица на границата со Србија.

Според унгарската невладина организација Унгарска унија за граѓански слободи, со овие мерки Унгарија прави голем чекор назад и се враќа на праксата која беше на сила пред 1989 година за време на комунизмот. Организацијата ги повикува пратениците да не го усвојат овој “диктаторски закон” кој ги нарушува фундаменталните слободи.

Реакција дојде и од комесарот за човекови права на Советот на Европа кој ја критикува позицијата на Унгарија кон бегалците: “Унгарија, како и сите европски земји, има обврсла да ги заштити тие на кои заштита им е потребна без оглед на нивната религија или друга лична карактеристика. Пакетот законски амандмани чија цел е да се редуцира имиграцијата, вклучително креирање на транзит зона на границата и криминализирањето на нерегуларното минување на границата, се лош потег кој ќе има понатамошни негативни ефекти врз барателите на азил”, вели комесарот. Тој ја повикува унгарската влада која денес одржува состанок на оваа тема да го отфрли предлогот и Парламентот да обезбеди поинаков пристап кон бегалците.

Денес 300 бегалци избегаа од еден унгарски, информираше унгарската полиција. Тие се упатиле кон автопатот М5 а полиција презема мерки за да ги врати во кампот.

Во кампот од кој избегаа бегалците има 1.500 лица, приведени за време на преминот од Србија во Унгарија. Според полицијата, бегалците се носат во овој камп за да се регистрираат а потоа се носат во други структури за бегалци.

Но бегалците се обидуваат секој ден избегаат од полицијата и од унгарските кампови каде полицијата ги регистира. Со тоа бегалците сметаат дека ја компромитираат шансата да добијат азил во Германија која, заедно со уште неколку западни земји на ЕУ, е најчестата цел на нивното патување.

Според актуелните имиграциски правила на ЕУ наречени “Даблин 2”, бегалецот треба да биде регистриран во земјата на ЕУ во која прво влегол и таму треба да биде разгледано неговото барање на азил.

Со оглед на актуелната ситуацијата и огромниот бегалски притисок врз Грција, Италија и Унгарија преку кои бегалците влегуваат во ЕУ, Германија одлучи дека ова правило нема да се применува во оваа бегалска криза и особено кога станува збор за бегалците од Сирија.

Вчера унгарскиот премиер Виктор Орбан беше во Брисел на средби со првиот човек на Европскиот парламент Мартин Шулц и претседателот на ЕУ Доналд Таск. Првите луѓе на ЕУ остро го критикуваа Унгарецот и неговото менаџирање на бегалската криза.

«Да се повикувате на христијанството во јавната дебата за миграции мора да значи дека сте спремни да покажете солидарност и жртвување. За еден христијанин ни расата ни религијата ни државјанството на еден човек кому му треба помош не се важни», му рече Таск на Орбан со оглед на тоа што унгарскиот премиер инсистира на принципите на христијанскиот морал во оваа криза.

Орбан го кажа своето мислење во текст објавен вчера во «Франкфуртер Алгемајне Цајтунг». Во текстот Орбан не им подава рака на бегалците туку вели дека Европа не може да прима бегалците бидејќи е преплавена од нив. Тој рече дека бегалците се муслимани и закана за христијанските корени на Европа: «Зарем не е само по себе загрижувачки што христијанската култура на Европа практично не е способна да го задржи системот на христијански вредност? Ако тоа го загубиме од вид, европската мисла ќе стане малцинска на својот сопствен континент», пишува Орбан.

На ова, инститот за испитување на јавното мислење Ипсос потсетува дека муслиманите претставуваат 0,1 отсто од населението на Унгарија и во Полска, која исто така крева глас против муслиманите бегалци. Во Шпанија ги има 2 отсто, во Велика Британија и Шведска 5 отсто, во Белгија и Германија 6 проценти а 8 проценти во Франција. Ипсос вели дека тоа многу помалку од прецепцијата за бројот на муслиманите во Европа.

Истовремено, во Унгарија протестираат оние кои не се согласуваат со ставот на Владата. Но, според невладините организации, тие не се доволно бројни. Питер Сарожи од Унгарската унија за граѓански слободи вели дека унгарското општество покажува знаци на солидарност. Многу луѓе носат храна и вода за бегалците и се обидуваат да помогнат. Но луѓето кои сакаат, на пример, да им дадат покрив во својот дом тоа нема да можат да го прават без да ризикуваат проблеми со полицијата. Новите амандмани и даваат на полицијата дозвола да влезе во домовите на Унгарците без мандат и да провери дали таму се кријат бегалци. Според Сарожи, Унгарците се исплашени од својата Влада и не се осмелуваат на им дадат дури ни вербална поддршка на бегалците.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

ВЕСТИ November 4, 2025

Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок на својот пат кон ЕУ во…

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.