Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Белгискиот Совет за здравство предлага забрана за ноќните летови

0
By Marija Todorovska on May 9, 2024 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Брисел: Високиот совет за здравство на Белгија повика на забрана за ноќните летови на бриселскиот аеродром Завентем, врз основа на анализи за здравствените последици од бучавата и загадувањето на воздухот од авионите.

Советот во своето барање наведува дека најмалку 160.000 луѓе, кои живеат во близина на аеродромот, се изложени на зголемен ризик од негативни последици по нивното здравје, како што се нарушени режим на спиење и функција на белите дробови и промени во срцевиот ритам.

Кон крајот на март годинава, фламанската министерка за животна средина Зухал Демир му додели нова еколошка дозвола на бриселскиот аеродром. Според Демир, со дозволата се прави баланс меѓу економските интереси на аеродромот и интересите на оние што живеат во неговата околина, но со неа не се предвидува целосна забрана за ноќните летови.

Но, според Советот, секоја година расте бројот на научни докази за штетните ефекти на бучавата.

– Бучавата води до иритација и проблеми со спиењето. Истражувањата, исто така, покажуваат дека таа е поврзана и со поголем ризик од кардиоваскуларни болести, проблеми со учењето кај децата на училишна возраст и негативно влијание врз менталната благосостојба, зголемувајќи го ризикот од депресија, се наведува во препораката на Високиот совет за здравство, изработена на барање од белгиската Федерална влада, која пред година и половина побара од ова државно советодавно тело да формулира мислење за степенот до кој аеродромот во Брисел влијае врз здравјето на локалните жители.

Во извештајот се додава и дека Советот внимателно ги испитал и здравствените прашања поврзани со загадувањето на воздухот предизвикано од авионите.

Неколку студии покажуваат дека на краток рок емисиите на честички од авионите главно доведуваат до намалена функција на белите дробови и промени во срцевиот ритам. На подолг рок, постои врска со кардиоваскуларни болести, а исто така, на пример, и со помала тежина на новородените бебиња, се додава во извештајот.

Од овие причини, Советот предлага забрана на летови од и до аеродромот помеѓу 23 и 7 часот, како и дополнително мерење на последиците од бучавата. Советот, исто така, смета дека треба да се намали концентрацијата на летовите во раните утрински часови и навечер.

– Генерално, не е пожелно зголемување на бројот на летови и на нивната фреквенција, препорачува Советот за здравство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Токио: Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025

Хамнеи: Трамп нека продолжи да сонува дека САД ги уништиле иранските нуклеарни капацитети

October 20, 2025

Граната го погоди обезбедувањето на Џеј Ди Венс за време на воена вежба во Калифорнија, нема повредени

October 20, 2025

Нова сообраќајка во Србија, многу повредени и двајца загинати

October 19, 2025

Папата Лав Четиринаесетти ќе прогласи седум нови светци

October 19, 2025
ФОКУС

Минималните трошоци на четиричлено семејство во октомври зголемени за околу 500 денари

ВЕСТИ October 20, 2025

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во октомври се зголемени за 467 денари во споредба…

Во Скопје ќе има втор круг, градоначалник ќе се бира меѓу Ѓорѓиевски и Мециновиќ

October 20, 2025

Ватикан: Папата канонизираше седум нови светци

October 19, 2025

Ен-би-си Њуз: Организаторите на демонстрациите против Трамп – протестираа 7 милиони луѓе на 2.700 собири

October 19, 2025
ТИКЕР

Токио: Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025

Хамнеи: Трамп нека продолжи да сонува дека САД ги уништиле иранските нуклеарни капацитети

October 20, 2025

Граната го погоди обезбедувањето на Џеј Ди Венс за време на воена вежба во Калифорнија, нема повредени

October 20, 2025

Нова сообраќајка во Србија, многу повредени и двајца загинати

October 19, 2025

Папата Лав Четиринаесетти ќе прогласи седум нови светци

October 19, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.