Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Берлин: Од церемонијата во германскиот Бундестаг при врачувањето на наградата за „Солидарност за новинари на Југоисточна Европа“ на Џабир Дерала

0
By Zoran Ivanov on July 18, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Јосип Јуратовиќ: Како соосновач и прв човек на истакнатата организација за човекови права ЦИВИЛ, основана во 1999 година, Дерала ја нарави организацијата синоним за иновативни и моќни иницијативи во областа на човековите права, демократијата и граѓанското учество.

Мануел Сарацини: Се надеваме дека на нашето симболично вреднување на нивната работа ќе се гледа како придонес кон слободата на медиумите и слободата на говорот.

Џабир Дерала: Дозволете ми да се обидам да објаснам што значи оваа награда за мене и за моите колеги. Тоа значи дека не сме сами. Дека борбата е тешка, но дека има признание. Тоа значи дека има солидарност. Поддршка. Надеж.

Биљана Јордановска

Германската Асоцијација за Југоисточна Европа на 4 јули му ја додели наградата за солидарност за новинари за 2024 година на Џабир Дерала, новинар, писател, аналитичар, и активист за човекови права. Тој е претседател на ЦИВИЛ – Центар за слобода и главен уредник на медиумската платформа на организацијата.

Како соосновач и прв човек на истакнатата организација за човекови права ЦИВИЛ, основана во 1999 година, Дерала ја нарави организацијата синоним за иновативни и моќни иницијативи во областа на човековите права, демократијата и граѓанското учество, рече Јосип Јуратовиќ заменик-претседател на Асоцијацијата на Југоисточна Европа во говорот посветен на Дерала, за време на церемонијата за доделување на наградата на 4 јули во германскиот Бундестаг.

Пратеникот во Бундестагот и потпретседател на Асоцијацијата за Југоисточна Европа, одржа пофален говор за лауреатот на Наградата за солидарност што им се доделува на новинари од Југоисточна Европа, 4 јули 2024, Бундестаг (фото извор: Асоцијација за Југоисточна Европа). Јуратовиќ дополнително ја истакна и неизмерната борба на Дерала за демократијата, човековите права и слободи, родовата и етничка еднаквост, неговата борба против хибридните закани, неговиот придонес кон промовирање на вредностите кои се клучни за општествениот напредок.

И покрај тоа што беше соочен со закани и говор на омраза од ултранационалистички и проруски групи, Дерала неуморно ја продолжува својата работа за промовирање на вредностите кои тој ги смета клучни за општествениот напредок. Неговата храброст, посветеност и безрезервна посветеност на човековите права и слобода го прават вистински херој на нашето време, истакна Јуратовиќ.

На самиот почеток на церемонијата се обрати Мануел Сарацин, претседател на Асоцијацијата на Југоисточна Европа, во јавноста попознат како специјален претставник на Сојузна Република Германија за Западен Балкан, кој ги претстави целите и причините зошто оваа награда за солидарност се доделува на новинарите од Југоисточна Европа.

Се надеваме дека на нашето симболично вреднување на нивната работа ќе се гледа како придонес кон слободата на медиумите и слободата на говорот и, се разбира, ова е навистина голема чест што можеме да ја доделиме во самиот Германски парламент, истакна Сарацин.

По воведните обраќања на Сарацин и Јуратовиќ, на церемонијата говореше и лауреатот Дерала.

Дозволете ми да се обидам да објаснам што значи оваа награда за мене и за моите колеги. Тоа значи дека не сме сами. Дека борбата е тешка, но дека има признание. Тоа значи дека има солидарност. Поддршка. Надеж. Оваа награда претставува неочекувано, но мошне потребно признание за работата и неуморните напори кои јас и моите колешки и колеги ги вложуваме за да осигуриме дека фактите преовладуваат над лагите манипулациите и пропагандата“, изјави Џабир Дерала во своето обраќање во германскиот Бундестаг.

Тој додаде дека ја прима награда, но не само во свое, туку и во име на своите колешки и колеги кои секојдневно ги споделуваат истите предизвици со него и дека не би бил овде денеска без нив.

Ние го браниме правото да го искажеме нашето мислење и да ги откриваме вистинските стории за дискриминираните и угнетените, дури и по цена на нашата благосостојба и безбедност“, истакна Дерала.

Дерала во своето обраќање ја нагласи потребата од секојдневна борба за вистината наспроти лагите, манипулациите и пропагандите. Тој истакна дека нашата мисија е да ги зачуваме и негуваме демократијата и демократските вредности.

Секој од нас е важен дел од огромната сложувалка на светот, која е засенета од мрачната закана од војна и диктатури. Ова не е само празна фраза; тоа е реалност докажана одново и одново“, потенцираше Дерала.

На веб страницата на Асоцијацијата за Југоисточна Европа има бројни содржини за оваа престижна награда, па така беше објавена и фотографија од свеченото врачување на наградата, придружена со кратка биографија на лауреатот Дерала.

Свечено доделување на Наградата за солидарност на новинари од Југоисточна Европа, 4 јули 2024, Бундестаг (фото извор: SOGDE.org)

По свечените говори, на програмата беше и разговор со Дерала што го водеше Аделејд Фајлке, новинарка со високо меѓународно реноме, одговорна за сервисот на Дојче Веле на 10 јазици во проширениот европски регион меѓу Балтичкото, Јадранското и Црното Море. По разговорот беше отворена и сесија за коментари и прашања од публиката на кои одговараше Дерала.

По завршување на официјалниот дел од церемонијата, следеа фото сесија и коктел во чест на Дерала на кој присуствуваа пратеници во германскиот парламент, новинари, уметници и претставници на новинарски и граѓански здруженија.

Деновиве, се очекува објавување на повеќе детали од целиот настан, како и разговорот на Фајлке со Дерала.

Да потсетиме, Дерала е добитник и на Орденот за заслуги од Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, за неговиот огромен придонес во борбата против руската пропаганда и хибридни закани во 2023 година. Зеленски, со Указот број 556/2023 го одликува Џабир Дерала со Орден за заслуги. Добитници на ова високо државно признание од Украина се и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и светски познатите актери, Ален Делон и Кетрин Денев.

Што претставува Наградата за солидарност што им се доделува на новинари од Југоисточна Европа?

Наградата за солидарност им оддава почит на храбрите новинари, кои често се изложуваат на големи лични ризици поради нивното критичко известување. Таа има за цел да им оддаде почит на нивната извонредна работа и да го признае нивниот придонес во промовирањето на демократијата, владеењето на правото и слободата на печатот. Наградата, исто така, има за цел да придонесе за заштита на новинарите на терен преку вниманието на јавноста што го привлекува и да ги почитува големите достигнувања на добитниците на наградите.

Со наградата, Асоцијацијата Југоисточна Европа сака да покаже дека стои на страната на оние кои зборуваат за европските вредности како што се слободата на печатот и слободата на изразување. Наградата ќе биде доделена на специјално дизајниран настан и целосно се финансира преку донации. Линк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

ВЕСТИ September 27, 2025

Родителите на починатите во мартовскиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска по 24 –…

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

September 27, 2025

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

September 26, 2025

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025
ТИКЕР

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.