Скопје: На инаугурацијата на Гордана Силјановска-Давкова, како нов Претседател на Северна Македонија нема да присуствуваат претседателите од соседните држави туку само амбасадорскиот кор во Скопје.Од штабот на Силјановска Давкова излјавиле дека е тоа така поради кусиот рок во кој не се испратени покани и до државници и политичките врвови на НАТО и ЕУ.
Пред пет години во Скопје дојдоа тогашните актуелни претседатели на Србија, Бугарија, Албанија и на Косово – Вучиќ, Радев, Мета и Тачи. На свечениот чин на претседателската заклетва и првиот говор на Стево Пендаровски во 2019-та присуствуваа и шефовите на дипломатиите на Црна Гора и Грција.
На инаугурацијата се очекува присуство на претходните шефови на државата – Иванов и Црвенковски.