Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бислимовски почнал со примена на мерките за штедење на струја: Дојдов на работа по скали, не пуштив ладење

0
By Sashko on September 1, 2022 НАСЛОВНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски вели дека институцијата во целост ги следи препораките од Владата  за штедење на електрична енергија што од денеска стапија на сила.

-Денеска дојдов по скали на работа, имам проблеми со тежината и планирам да ја намалам. Како што гледате, светлото е ограничено, немаме пуштено ладење, така што апсолутно сите мерки коишто се за штедење ќе ги преземеме и тие се мерки коишто не ги презема само Македонија, ги преземаат и соседните земји, земји од ЕУ. Сметам дека целата јавност треба малку посериозно да се однесува кон овие мерки за штедење, бидејќи во услови на цена на електрична енергија на берзите од 700-800 евра, мислам дека ниедна компанија не може нормално да работи со оваа цена особено, компаниите коишто имаат производен процес. Сметам дека и државата во овој дел ќе мора некако да им помогне од аспект на обезбедување на поевтина електрична енергија“, рече Бислимоски на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање.

Тој нагласи дека РКЕ има анализи и постојано ги следи трговците за струја и прави мониторинг на пазарот.

„За првите шест месеци продажната цена на снабдувачите во нашата држава е пониска од набавната цена поради тоа што поголемите снабдувачи имаат договори коишто се направени по далеку пониски цени и поради тоа ја имаме таа ситуација. Некаде во јули или август ги немаме добиено податоците, но тоа што го добиваме од компаниите маржата се движи од 5 до 20 проценти, па некаде и 25 проценти, но се уште немаме добиено конечни податоци“, рече Бислимоски во одговор на прашање.

Тој посочи дека РКЕ не може да ги ограничи маржите за продажба на електрична енергија.

„Треба да ги следиме препораките коишто ги прави ЕУ која ќе определи одреден гап – максимум до каде што може да одат маржите и верувам дека тоа брзо, брзо ќе се случи и во нашата држава“, рече Бислиомски.

За обвинувањата дека ЕСМ ги продава ноќните вишоци по цена пониска од 50 проценти од пазарната, нагласи дека е добро што воопшто може да ја продаде денергијата која инаку ќе отидат во мрежата без пари.

„Ако не се продадат тие ноќни вишоци тие ќе отидат во мрежа без пари бидејќи поевтино е да отидат во мрежа отколку да го намалуваме производството на термоелектраните. И колку што знам тие вишоци се продаваат, беа од 2 наутро до 7 часот и тоа е еден пазарен продукт којшто не е баш интересен, бидејќи нашите фирми не работат од 2 наутро до 7 часот наутро и не може струјата да се складира. Затоа се продава негде каде што може да се продаде“, посочи Бислимоски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.