НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битиќи за Фронтлајн: Со заемот од Унгарија се внесува корозивен капитал со потенцијал да ја разјаде нашата економија и демократија

0
By Zoran Ivanov on September 19, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Проблемот овде е што не знаеме дали се внесуваат скриени трошоци надвор од провизиите кои ќе се плаќаат, а кои ќе се реализираат преку фирма која ќе си ја избере банката. Нетранспарентноста отвора прашања кои се клучни за да ја добиеме целосната слика за овој заем.

Дестан Јонузи

Со заемот од Унгарија се внесува финансиска обврска за државата, но и корозивен капитал кој има потенцијал да ја разјаде нашата економија и демократија. Ова задолжување се случува не со цел да се развие економијата, да се создаде додадена вредност за домашните бизнис, да се зголеми нивната компетитивност и конкурентност, намерата е вгнездена надвор од економијата, во политичката сфера – вели во изјава за Фронтлајн, Фатмир Битиќи – актуелен пратеник и поранешен вицепремиер за економски прашања.

Тој потенцира дека економското разумно размислување не може да доведе до склучување на ваков договор.

Државата се турка во ситуација кој е типична за градење на односи меѓу авторитарни држави, а тоа е инструментализирање на економски ресурси за остварување на надворешно политички цели. Проблемот е што овие цели, на кои се подредува нашата држава, отстапуваат од западните демократски вредности и принципи. Но, очигледно дека овие вредности ништо не значат за самата власт, самиот процес на задолжување го започна со погазување на нив, вон институционално, во четири очи, под превезот на тајност, договорија задолжување, анализира Битиќи – пратеник од редовите на опозициската СДСМ и економски експерт.

Се соочуваме, додава нашиот соговорник, со пошироко корозивно влијание во општеството, со институционализирање на надворешни политички влијанија и уништување на вредностите врз кои почива македонската демократија.

Мислам дека ова е само еден мал сегмент од процесите кои отпочнаа со промената на власта, а кои водат кон надворешно политичко свртување на државата кон сфери на интереси кои се под влијание на авторитарни држава. Сериозно отстапување имаме од западно европскиот курс, а од тоа поштетно за државата, за иднината, не постои, вели нашиот соговорник.

Според него, единствената „позитива“ (тука употребувам доза на сарказам, вели Битиќи) со овој заем е поврзана со јавниот долг: единствено тој ќе расте – што не е добро за нашата држава.

Со ова задолжување од 500 милиони евра, се зацврсти правецот на раст на јавниот долг и негово придвижување кон 68%, но овде нема да се застане. Намерата за дополнително задолжување е веќе изразена, се најавуваше една милијарда евра, останува уште половината со која долгот ќе се зголеми на 75% од БДП, подвлече тој.

Битиќи вели дека отсуството на транспарентност е основната карактеристика на овој кредит. Тоа се препознава во сите негови сегменти, вклучително и во делот на провизии.

Тие не ги знаеме, не се видливи, ги нема во Договорот, се кријат. Износот што го споменувате беше соопштен од собраниската говорница, но тоа ништо не значи за реалниот износ на провизијата, затоа што за неа во образложението на законот, ниту во законот, ниту во Договорот, не се зборува. Проблемот овде е што не знаеме дали се внесуваат скриени трошоци надвор од провизиите кои ќе се плаќаат, а кои ќе се реализираат преку фирма која ќе си ја избере банката. Нетранспарентноста отвора прашања кои се клучни за да ја добиеме целосната слика за овој заем. Фактот дека банката самата ќе одлучува која фирма ќе ги добие правните услуги, покажува дека ние немаме никаква контрола врз процесот. Со други зборови, државата е сведена на пасивен актер во сопственото задолжување, при што странските интереси ги диктираат условите, а македонските институции немаат можност да се вклучат активно во одбраната на нашите економски интереси, вели Битиќи во својата анализа за „Фронтлајн“ – за штетните последици за државата од унгарскиот кредит договорен меѓу премиерите Христијан Мицкоски и Виктор Орбан.

Запрашан за провизијата од 70.000 евра за консултантски правни услуги и каде ќе завршат овие пари, Битиќи е скептичен дали овие пари ќе завршат во стопанството како додадена вредност или на друго место.

Најавено е дека парите ќе завршат во стопанството како додадена вредност, но дали тоа ќе биде така или ќе заврши на друго место, ќе покаже времето. Имајќи го во предвид целито контекст во кој ова задолжување се спроведе, повеќе од важно за интересот на државата е да имаме конкретни системски механизми за надзор и транспарентност, кои ќе спречат парите да се насочат по политички интереси, наместо во вистински развој. Во оваа смисла, за да се добие целосен одговор на прашањето, треба да се земе и во предвид дека наредната година ќе имаме локални избори. Одговорот на прашањето бара да се земат во предвид и локалните избори наредната година. Со тоа што 250 милиони евра ќе се насочат кон општините, тоа е форма на предизборен поткуп и корупција, нагласи нашиот соговорник.

Три години, истакна Битиќи – во најголемиот дел од општините, кои се под раководство на градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, ништо не се реализираше, инфраструктурните проекти беа маргинализирани, сега со кредит ќе се надополнува тоа што пропуштија, не знаејќи или не сакајќи, да го направат за граѓаните. Линк

Кога имаме политички мотиви, не можеме да зборуваме за вистински развој, може да зборуваме само за спакувана илузија за општински успеси кои ќе се базираат на долг кој ќе треба да го отплаќаат идните генерации. Каде ќе завршат парите ќе диктираат политички агенди на фаворизација на општини каде власта ќе сака да го зацврсти своето влијание на локалните избори, што нема да биде ништо повеќе од политичко „плаќање“ на поддршка и обид за прикривање на неуспесите на локалните власти, истакана Фатмир Битиќи – актуелен пратеник и поранешен вицепремиер за економски прашања.

Северна Македонија ќе се задолжи од унгарската експорт Импорт банка, а според текстот на законот ќе треба да плати провизија за извршени правни услуги на независна фирма избрана од Унгарската банка. Провизијата од 70.000 евра за правни услуги ќе се плати пред повлекување на првите пари од Ексим банката.

Парите од кредитната линија се обезбедуваат со камата од 3,25 отсто, 15 години отплата и 3 години грејс-период. Ова практично значи дека кредитот ќе се отплаќа до 2039 година.

Владата најави дека 250 милиони евра ќе бидат наменети за финансиска поддршка на домашните компании, а 250 милиони за инфраструктурни проекти за општините.

Средствата од кредитот кој нема да се повлечат ќе се пресметува камата. Договорот за заемот е регулира според законите на Унгарија, а доколку настане спор меѓу двете држави, тој ќе се решава на арбитража пред судот во Хаг. Линк

Текстот е сопственост на Фронтлајн.мк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.