Маж од Бугарија направил хаос на аеродромот во Богота кога почнал да си го сече вратот пред бројни патници.
Вистинската драма се одвивала на меѓународниот аеродром Ел Дорадо во саботата вечерта, кога бугарски државјанин се пресекол по вратот со скршено стаклено шише. Тој претходно побара од имиграционите службеници да му помогнат да се врати во Европа.
Според изворите, Бугаринот дошол на аеродромот видно вознемирен, тврдејќи дека бил жртва на грабеж и дека ги изгубил сите свои лични работи – пасошот и парите.
Мажот наводно ги молел службениците на аеродромот да му помогнат да се врати во Бугарија, но тие го упатиле во амбасадата. Откако му било кажано дека нема да може да се качи во авионот, тој скршил стаклено шише и почнал сам да си го сече вратот пред многу патници на преполниот аеродром.