Киев: Во текот на изминатата ноќ руските трупи гранатирале 17 населени места во областа Херсон.
„Руската армија гаѓаше станбени области при што беа оштетени две катни згради и 10 приватни куќи. Како резултат на ноќната руска агресија, две лица загинаа, а четирисе повредени“, изјави шефот на воената управа во Керсон, Олександр Прокудин за украинските медиуми.