Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Борбата за Европа почнува, законодавецот Солон и пресудниот глас на граѓанинот

0
By Blerina Tahiri on October 24, 2023 ВЕСТИ, КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Oсум месеци пред изборите за Европскиот парламент, во пркос на општиот впечаток дека десницата и екстремната десница напредуваат во Европа, нема да дојде до значајни промени.

Најпрво, резултатот во Шпанија не само што ја прекина серијата на победи на десницата и екстремната десница, од Италија до Грција на југ па сè до Финска и Шведска на север, туку практично стави точка на можниот сојуз измеѓу Европската народна партија и суверенистичките, популистичките и екстремните сили собрани околу партијата на Европските конзервативци и групите „Идентитет и демократија“ или еден нејзин дел, барем кога се работи за следните избори за Европскиот парламент и делењето на функции низ институциите на ЕУ.

Шпанскиот премиер Педро Санчез одигра хазардерски, распишувајќи предвремени парламентарни избори насред лето, после тешките локални избори кои ги имаше во месец мај. Санчез ја доби битката, ама „војната“ за Европа допрва почнува. Изборот на социјалистката Франсин Аменгол за претседателка на Конгресот претставува повеќе од јасен показател дека во Шпанија следните четири години ќе има левичарска влада.

Борбата за Европа допрва почнува, затоа што сите интуитивно знаат: доаѓањето на лудите екстремни десничари на власт во ЕУ, ќе произведе големи немири и има шанса да го дестабилизира целиот Европски континент.

Во Полска, сите политички партии трчаа засебно, наспроти „Право и правада“ (ПиС); „Граѓанската платформа“ се трчаше засебно, „Полска 2050“, една релативно мала групација, составена од неколку партии кои не сакаат да се легитимираат како дел од полскиот систем, трчаше засебно; и полската левица трчаше засебно, а една десничарска група, конфедерација водена од Менцен и Босак, трчаше на изборите засебно. Кога се гледаат поединечните листи, се гледа дека „Право и правда“ (ПиС) на шашавите десничарски браќата Качински, сè уште се силни, ама се недоволно силни затоа што дел од своето гласачко тело им е изедено од групацијата на Менцен и Босак. Од друга страна, она што е важно за нас: Полската левица, која во идеолошка смисла би можела да биде Социјалдемократска ама и радикално лева (затоа што околу нејзиниот базен има уште неколку помали партии), падна на помалку мандати отколку што имаше на минатите избори, ама бидејќи Полскиот политички систем е малку „фрлен кон десно“, не и помогна на партијата „Право и правда“, затоа што сите останати растеа во своите гласачки базени.

Изборите, сепак, и после сè се холистичка работа. Качински е уморен и стар, a посебно признание треба да му се припише на Доналд Таск, носителот на главната опозициона листа, затоа што иако е генерално омразен во Полското општество, успеа да се справи со отровните лаги дека е германски кандидат. Класична десничарска дефамација: „не си ова, ти си тоа“; ги знаете тие десничарски финти за дебили: ти шпиун, ти си предавник, ти си… ти си… ти си… та дрн-та sврц приказни.

Но, сепак, во деновите кои следат, сигурно Качински ќе има уште валкани карти во своите раце (типично за секој десничар!), ама извесно е дека претседателот Андреј Дума ќе му го даде мандатот на Качински за да оформи влада, па ќе поминат неколку месеци додека не формираат влада, па ќе поминат уште неколку месеци додека не се смени целосно власта. Така што, политичката ситуација во Полска е отворена и можно е сè.

Што се однесува до нашата „липа“ Северна Македонија, и тука е ситуацијата отворена. На последните анкети, СДСМ е пред сите, добро, до мене стигаат разни гласови, на пример дека владејачката партија ќе претрпи пораз, дека Мицкоски на изборите ќе победи, ама во тоа не би се кладел. Тоа се само гласови и шумови; никој не знае во моментот како ќе се постават силите на теренот кога ќе дојде време за изборна кампања. Партиите уште сега мерат и премеруваат, а финалето ќе започне некаде после Новата 2024 година. Важни ќе бидат листите, кој ќе биде на првата, кој ќе биде на втората изборна единица, и на останатите листи… Дали ќе се трча засебно или одвоено со своите коалициони партнери итн. итн.

За мене, една од најважните реченици која длабоко ме погодува е реченицата – „сите се исти и нема разлика“. О, боже, како е тоа погрешно! Не само што сите не се исти помеѓу оние кои се гласа, туку не се исти ниту оние кои гласаат. А логиката на изборот сепак се заснова на поединечна одлука и поединечна одговорност.

Кога сме кај поединечната одговорност, а тоа е одговорноста за својот глас, ми се чини дека важна аналогија на која може да се присетиме е атинскиот законодавец Солон кој инсистираше на обврската секој атињанин, во моментите на лапидарно одлучување, „да се биде или да не се биде“, поточно тогаш кога политичките струи се закануваа да го растурат градот-држава, биде одговорен и заземе страна која ја смета за исправна и, едноставно речено, да ја заземе онаа страна која е подобра.

Во такви лелеави и бурни времиња, граѓанинот на Атина со оние кои делат иста политичка позиција, бил должен да ги дели и разликите и опасностите од политичкиот избор. Законодавецот Солон е посебно строг кога пишува: „Оној што нема да постапи така е нечесен и нема граѓанско право“.

За волја на вистината, ако може да му се верува на Плутарх, Солон самиот ја напушти Атина, уморен и оптеретен од фактот дека времето го троши на секојдневни објаснувања на своите закони и барања и, да бидеме искрени, цело време се занимава со незадоволните атински граѓани. Дали денес Антина е подобра од времето на Солон, за жал, на ова прашање немам одговор.

Јас секогаш се определувам и заземам страна. Знам која е подобра политичка партија оваа земја за да ја води во Европа, а знам и што е подобро за мене лично. Со овие кратки и неважни (?) редови само сакав да предупредам дека оние кои нема така да постапат, ќе ги пријавам на Солон (и, се разбира, на никој друг!). Ама веројатно и толку се бара од еден пристоен и „очовечен“ граѓанин на Северна Македонија?

Затоа што, заврти-одврти, секогаш еден глас е пресуден!


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0 / Извор: Frontline
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.