Европската унија работи на 15-тиот пакет санкции против Русија, кои ќе ги зајакнат мерките против заобиколувањето на постоечките санкции, со цел да се изолира руската индустрија од увозот, најави шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој разговараше со украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибих во Кијив.
Спомнав санкции на почетокот на нашиот разговор. Да, работиме на 15-тиот пакет ротив Русија, со цел да воведеме мерки против заобиколување на санкциите бидејќи Русија не може да произведува без странски делови, странски чипови и други компонент, рече Борел, објави веб-страницата на Европската унија.
Тој додаде дека целта на санкциите е да се изолира индустрискиот капацитет на Русија од компонентите што треба да ги увезат од остатокот од светот.