Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Борел за напредокот на Србија: Не може да оддржувате врски со Русија и да очекувате членство во ЕУ

0
By Marija Todorovska on October 30, 2024 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Брисел: Високиот претставник за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска во Брисел изјави дека процесот на европска интеграција на Србија и Косово и нормализацијата на нивните односи се меѓусебно зависни, како и дека земјата не може да биде членка на ЕУ и да има односи со Русија.

На прес-конференцијата, откако Колеџот на комесари го усвои Пакетот за проширување за 2024 година, Борел рече дека во дијалогот меѓу Белград и Приштина се постигнати многу договори, но дека „за жал, прашањето за имплементација се уште не е решено“.

„И за Србија и за Косово динамиката на проширувањето и напредокот во дијалогот со цел нормализирање на односите мора да одат рака под рака. Не може едното да се направи, а другото не“, рече Борел.

Шефот на европската дипломатија истакна дека напредокот кон ЕУ и дијалогот се меѓусебно зависни и бараат одредени напори, но дека овие напори на крајот ќе се исплатат, особено за граѓаните.

Тој изрази надеж дека Охридскиот договор ќе се спроведе и дека ќе доведе до нормализирање на односите, а подоцна и до членство во ЕУ.

Борел зборуваше и за неопходноста од усогласување на земјите кандидати за членство со надворешната и безбедносната политика на ЕУ, посочувајќи дека тоа е показател дека кандидатите ги споделуваат европските вредности и геополитички цели.

„Едноставно не можете да одржувате односи со Русија и да се преправате како ништо да не се променило и да очекувате вашата земја да биде дел од ЕУ во таква ситуација. Мора да изберете едно или друго“, истакна Борел.

Тој рече дека некои земји целосно се усогласиле со политиката на ЕУ, споменувајќи ги Северна Македонија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово, како и дека Украина и Молдавија значително го подобриле усогласувањето со надворешната и безбедносната политика на ЕУ.

„Порано или подоцна треба да ја усогласите вашата надворешна и безбедносна политика со политиката на ЕУ. Во спротивно, прашањето за членство ќе биде загрозено“, рече Борел.

Посочувајќи дека членството во ЕУ е стратешки избор, Борел рече дека алтернативите можеби ќе бидат полесни на краток рок, но дека тоа може да ги чини подоцна.

„Ова е последниот пакет за проширување на оваа Комисија“, рече Борел, потсетувајќи дека во 2019 година имало пет кандидати за членство, а денес има девет, како и еден потенцијален кандидат.

„Тоа покажува дека ЕУ е еден вид магнет што ги привлекува луѓето и соседните земји“, рече Борел, додавајќи дека граѓаните во земјите кандидати веќе имаат опипливи придобивки во нивниот секојдневен живот од постепената интеграција.

Борел додаде дека ЕУ не само што треба да биде поголема, туку и посилна.

„Сакаме нови држави, но сакаме да бидеме посилни заедно со нив“, рече Борел.

Во соопштението на Комисијата се наведува дека проширувањето останува процес заснован на заслуги и зависи од објективниот напредок на сите партнери, како и од барањето одлучност за спроведување неповратни реформи во сите области на правото на ЕУ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.