Киев: Шефот на украинското разузнавање Кирило Буданов изјави дека од сојузниците на Москва, Северна Кореја е „најголемиот проблем“ за Киев поради масивното снабдување на Русија со артилериски гранати, што се користат на украинскиот фронт.
Од сите сојузници на Русија, нашиот најголем проблем е Северна Кореја, бидејќи со количината на воена опрема што ја снабдуваат, тие навистина влијаат на интензитетот на борбите, истакна Буданов.
Тој додаде дека Украина во моментот не може ништо да преземе против тоа.