Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бугарските крвни зрнца во пасошот на министерката Божиновска

0
By Zoran Ivanov on October 8, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката и не треба сега да се срамоти и да бара испис од регистарот на државјани на Република Бугарија. Таа потпишала дека се чувствува како Бугарка, ама кажала дека така се чувствувале и нејзините предци. Изјавата ќе остане во архивот на Министерството за правда во Софија и нема да помине долго време кога изјавата, заедно со илјадници изјави дадени од други наши сограѓани што извадија бугарски пасоши, ќе стане историска граѓа.

Срѓан Ивановиќ

За разлика од Чешка, Македонија, Албанија, Србија, Германија и САД, бугарската држава во барањето за државјанство бара со писмен документ да се изјасните дека сте Бугарин по националност, како и дека вашите предци се чувствувале како Бугари

Бугари во Македонија имало и ќе има, но од која причина тие се срамат од своето потекло кога ќе стапат на јавна функција? Зошто во конкретниот случај министерката за енергетика и рударство Сања Божиновска, се снебива кога ќе ја прашаат дали поседува бугарска патна исправа?
Интересно е дека министерката немаше проблем јавно да изјави дека поседува чешко државјанство, покрај македонското, но, ете, за бугарското дознавме од медиумите и тоа од медиумите во Бугарија.
Како што јавува бугарската агенција БГНЕС, која се повикува на извори од Министерството за правда во Софија, не само Божиновска, туку и членови на потесното семејство се сторени со бугарски пасоши. Сосе таткото Перо, мајката Виолета и братот Даниел, како и самата Сања Божиновска, се бугарски државјани, тврди агенцијата. Една вистинска семејна идила во бугарска верзија.
Колегите од Бугарија пишуваат дека Божиновска неколкупати кажала дека имала бугарско државјанство, но и дека од него се откажала, а сето тоа се случувало одамна. По ова, БГНЕС минатата недела објави дека на Божиновска не ѝ е издаден указ за ослободување од државјанството, што значи дека таа и натаму е бугарска државјанка, а македонската министерка барањето за отпуст од државјанството го поднела минатиот месец. Но, тоа не значи и дека автоматски била избришана од регистарот на државјани, бидејќи за тоа бил потребен посебен декрет. Од ова може да се протолкува дека министерката е државјанка на Бугарија и таа ги ужива сите права и обврски како и другите државјани на оваа земја, кои живеат или се на привремен претстој во странство. Во случајов, на привремен претстој во владата на Христијан Мицкоски.
Но, тоа не е спорно. Спорно, иако не е претерано страшно, е тоа што Божиновска има три државјанства. Тоа е противзаконски во Македонија, бидејќи ние имаме закон за двојно државјанство, а не и за тројно. Но, како што реков, тоа не е страшно, бидејќи со тоа само се крши закон, што е своевидна традиција на нашите министри.
Каде е проблемот во државјанството на Божиновска? Зошто никој не се загрижи за нејзиното чешко државјанство? Зошто денеска некоја агенција од Чешката Република не нè извести за тоа дека министерката, со или без членови на нејзиното потесно семејство е носител на пасош или лична карта?
Одговорот е многу едноставен. За разлика од Чешка, Македонија, Албанија, Србија, Германија и САД, бугарската држава во барањето за државјанство бара со писмен документ да се изјасните дека сте Бугарин по националност, како и дека вашите предци се чувствувале како Бугари. Или, бугарското државјанство е доказ за „крвните зрнца“ на бугарскиот идентитет. Значи, кога нашата министерка некогаш одамна, како што самата вели, поднела документи за државјанство во Софија, заедно со тато Перо, мама Виолета и бато Даниел, тогаш не станале Бугари во национална смисла само овие четворица до вчера Македонци, туку и бабата, детото, прабабата итн. Знаете, вие кога ќе потпишете дека вашите предци се чувствувале како Бугари, тоа нема крај. Важи за бабата скоевка и за дедото партизан, а важи и за цар Самоил и за светите Кирил и Методиј. Важи за сите.
Затоа министерката и не треба сега да се срамоти и да бара испис од регистарот на државјани на Република Бугарија. Таа потпишала дека се чувствува како Бугарка, ама кажала дека така се чувствувале и нејзините предци. Изјавата ќе остане во архивот на Министерството за правда во Софија и нема да помине долго време кога изјавата, заедно со илјадници изјави дадени од други наши сограѓани што извадија бугарски пасоши, ќе стане историска граѓа. Тоа ќе биде уште аргумент на бугарската страна во историската дебата за потеклото на македонскиот народ. Тоа е уште една шајка во ковчегот на идентитетот на Македонецот, кој во беспаќето на историјата секогаш го вади најпопуларниот пасош.
Да не бидам погрешно разбран, јас немам ништо против тоа што Соња Божиновска можеби се чувствува како Бугарка. Тоа воопшто не ми пречи. Но не сум сигурен дека тоа ќе им се допадне на членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи токму на антибугарскиот сентимент, меѓу другото, оваа партија се врати на власт.

Текстот е сопственост на Слободен печат.мк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.