Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Буралиева и Грчева како илустрации за македонскиот пат кон НИКАДЕ

0
By Борјан Јовановски on June 17, 2014 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Членството и симпатизерите на СДСМ повторно се изненадија од снег во јануари. Бројни и бурни реакции вчера и денеска се пласираат на социјалните мрежи, а по повод одлуките на Љубица Буралиева и Солза Грчева да се откажат од оставките на пратеничките функции во Собранието. Реакциите и коментарите кои можат да се прочитаат на социјалните мрежи со насочени воглавно против овие две личности. Она што е забележливо во овие коментари е и експлицитниот говор на омраза во кој што доминираат вулгарни и навредливи зборови упатени кон Буралиева и Грчева. Начинот на кој се дискредитираат двете госпоѓи од СДСМ е речиси идентичен со речникот кој за исти прилики го употребуваат поглаварите на непристојната јавна комуникација олицетворени во ликот и делата на извесни поединци и медиуми кои власта ги инсталираше со многу конкретен мандат – дискредитација на секој кои мисли поинаку од лидерот. Користејќи ги овие методи и речник голем број од членството и симпатизерите на СДСМ јавно демонстрираат дека интелектуалниот , ментален, културолошки и цивилизациски хабитус е оној истиот против кои тие наводно се борат. Дејствувањето во оваа матрица е уште еден доказ за сите кои се сомневаат дека СДСМ има капацитети да понуди поинакви вредности од „вредностите“ кои се белег на актуелната власт.

Одлуките на Буралиева и Грчева, исто така, треба да се посматраат и анализираат во рамките на тој ист систем на „вредности“ во кој моралот и принципите се сосема апстрактни категории. Затоа, секој кој верува во систем изграден врз основа на некои темелни цивилизациски вредности, норми и стандарди овие јасно неморални одлуки на Буралиева и Грчева треба да ги искористи како повод за отворена критика кон критериумите на кадровската политика на СДСМ. Се разбира, овој повод за таа дебата не би требало да бидат уште една шанса за промена на Мурто со Курто како што многумина би се обиделе да ја искористат. Наместо систем на ‘сачекуши“ убаво би било симпатизерите и членството на оваа најголема опозициска партија да побараат одговор на прашањето кој тоа во СДСМ донел одлука Буралиева и Грчева да добијат така високи позиции на избирачките листи кои им овозможија да добијат пратенички мандат, но не заради тоа да му се скине главата на тој ,кој и да е, туку да се утврди дијагнозата за системската слабост на кадровската политика. Вредно да се дискутираа е и тоа како е можно партијата која декларативно се нуди како алтернатива на актуелната власт да води кадровска политика во која очигледно има голем простор за личности со исклучително слаб интегритет.

Одлуките на Буралиева и Грчева се за осуда. Двете госпоѓи се јасно штетни епизоди за самиот СДСМ, но и генерално за нивото на политичката култура во Македонија која доколку остане непроменета ќе продолжи да ги нагризува виталните ткива на општеството се до негово целосно деградирање, инаку процес кој континуирано трае во изминатите 20 години.

Епизодата со Буралиева и Грчева би требало конечно да го вклучи алармот за тревога во опозициските редови за тоа дека доколку сакаат да се наметнат како вистинска алтернатива на оваа власт и да ги придобијат симпатиите на огромниот процент на неопределените гласачи треба без одлагање треба да ја ревидираат сопствената кадровска политика. На Македонија очајно и се потребни личности со интегритет, верба во принципи и доблест безкомпромисно да се за борат за вистински цивилизациски вредности. Порано или подоцна, актуелната власт на ВМРО ДПМНЕ ќе се сруши како кула од карти токму поради човечкиот матерјал содржан во неа. Тие ќе заминат оставајќи зад себе сериозни општествени трауми и штети. Ќе има ли кој да ги надомести загубите или ќе се случи Мурто да го смени Курто на магарето кое липсува на патот кон никаде.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025
ФОКУС

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

ВЕСТИ September 26, 2025

Македонија, Косово и Молдавија се најдоа меѓу земјите кои бележат најголем пад на населението во…

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.