Browsing: ВЕСТИ

Најмоќните косовски лидери им прават огромна штета на односите на Косово со САД и ЕУ, а на врвот на тој список се наоѓа Хашим Тачи, најмоќната фигура во земјата, пишува американскиот влијателен сајт Политико кој од неодамна отвори свое допсиништво во Брисел.

Евтини приказни на Биљана Секуловска: Да му се каже ли на Пешевски етимолошкото значење на зборот министер? Латински: “inferior, servant, а за преводот нашиов силеџија- министер (не постои во ниту еден политички речник таков термин) сам нека се погрижи

Петре Шилегов, СДСМ, еден од најблиските луѓе на Заев, во интервју за НОВА го образложува Договорот од Пржино, зошто СДСМ се откажал од премиерското место, заминувањето на Груевски пред Нова година, со што ќе се соочат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со новиот јавен обвинител, именуван исклучиво за истрага за сите сознанија од лентите за прислушување

Интервју со политичкиот аналитичар Сашо Орданоски: За договорот потпишан во Пржино, реакциите кој е победник, а кој е поразен, дали Груевски или Заев, која ќе биде улогата на странците во спроведување на реформите кој мора да ги направи ВМРО, сеедно што премиерот ќе биде избран од нив?

Цело лето штурецот играше, пееше и свиреше. Но, летото помина и дојде студената зима. Штурецот нема ништо повеќе за јадење. И така тој одлучи да оди кај работливата мравка по помош. Еве што потоа се случи.

Во очекување на исходот од преговорите што се одвиваат во Брисел, НОВА направи кус преглед на корените кои доведоа до оваа криза: вината на Грција но и на еврозоната

По кој критериум се врши обесштетувањето на ранетите и загинати припадници на безбедносните сили во конфликотот 2001-ва? Некои од нив воопшто не добиле надомест, за други, срамно и дискриминирачки е тоа што го добиле. Прислушуваните разговори обелоденија како селективно се делеле парите и по чија директива, велат воените инвалиди и бараат закон со кој ќе имаат еднаков третман при обесштетувањето

Евтини приказни: Дипломатите со кои разговарав деновиве, излегуваат со две опции кои им изгледаат најсоодветни и единствено веројатни, после тоталниот неуспех и разочараност од преговорите, но и дека е можен длабок рез во ова општество, некаков напредок, некаква надеж, барем не со овие актери кои владеат скоро 10 години

Документарниот фил на Ал Џезаира прикажува сведоштва на жители на Сребреница кои го преживеаа најкрвавиот масакр случен во Европа по Втората светска војна

За време на вчерашната расправа во Европскиот парламент, за понатамошната судбина на Грција во еврозоната и Европската Унија, грчкиот премиер Алексис Ципрас ја доби најконструктивната критика од поранешниот белгиски премиер Ги Верхофштат, кој вели Ципрас или ќе биде реформатор-револуционер или изборна несреќа за својот народ