Browsing: СТАВ

Студентски пленум: На маршот повикуваме секој да маршира како индивидуа – дозволена е само единствената значајна книшка – индексот! Студенти, донесете ги индексите! И знајте го ова: колку повеќе нѐ има, толку потешко е да нѐ заокружат!

Сведоштво на анонимна сограѓанка: Пасош немам ниту странски, ниту Македонски, ама затоа документирано сум Државјанин на РМ – за секој документ, ако се пројдени 6 месеци од издавањето на Државјанството, вадам ново. Академски сум образована, уште од времето кога на прсти се броеја магистрите и доктори на науки

Александар Литовски: Јас мислев и велев дека бесен национализам е кога измислувате „библиски народ“ а сите останати соседни народи ги прогласувате за „небиблиски“ и неавтохтони, кога за еднопартиски и еднонационални споменици, спомен обележја, „уметност“, барокни фасади и згради во центарот на Скопје трошите повеќе од половина милијарда евра…, но сум грешел

Александар Петров: Развојот на градот се крои преку тендери без притоа да се води сметка за потребниот квалитет и стандарди. Секое парче градежно земјиште се сведува на таблични параметри. Развојниот проект го добива најевтиниот понудувач, а тоа делува негативно по квалитетот и оформувањето на хабитатот (приватниот и јавниот)

Ѕвездан Георгиевски: Изјавите на високиот функционер на МВР Иво Котевски (секој можел да собере пасоши од семејството и да ги сними!?), на министерката Јанкуловска (никој не е оштетен), на партијата на власт (кориците на пасошите можат да се купат како разгледници на секоја тезга), дадени експресно по објавувањето на спорниот видео-материјал, како и молчењето на Јавното обвинителство, доведуваат до заклучок дека станува збор за основани сомневања за сериозен организиран, односно државен криминал

„Токму сега се насетува можност и се отвара простор за афирмација, како за леви, така и за десни радикални политички опции кои би понудиле нешто во ова големо Ништо на политичката сцена…“ – колумна на Хактал Исмаил

Колку што е важно кој е организаторот, уште поважно е која е пораката, кои се аргументите. Конкретно, за студентските протести, помалку е важно дали ги организирала опозицијата, туку што е пораката, што се аргументите. И власта мора да има екстерно, без разлика дали е непартиско или партиско.

Џабе е секаков обид за спас на ГТЦ од барокниот измет! На новокомпонираниве турбофолклорни „дами“ и „господа“, невозможно е да им објасните дека уништувањето на современото значи сечење на гранката на која седиме

Теодосиевски: Не знам што е поточно: дали наводниците да стојат кај зборот уметничка, или пак кај држава. Точно е, веројатно, и едното и другото, ама бидејќи овде акцентот сепак ќе биде на уметниците, тогаш подобро наводниците да ги поткрепуваат нив. Иако и државата ни е држава со наводници. Барем во културата