Browsing: СТАВ

Повеќе од половина од испитаниците на анкетата на Македонски центар за европско образование (МЦЕО) направена во март 2014 година сметаат дека граѓаните во Македонија не го искажуваат слободно своето мислење. Речиси две третини од испитаниците сметаат дека тајните служби ги прислушуваат комуникациите на оние што ги сметаат за противници

Ѕвездан Георгиевски: Ако го прифатиме и тврдењето на официјалната власт дека многумина добиваат дипломи без потребното знаење (иако ова тврдење не е поткрепено со ниту еден емпириски податок, туку е прашање на впечаток), кој тогаш го има потребното знаење со истите дипломи – државната администрација?

Секоја четврта сабота на ноември Украина го одбележува сеќавањето на жртвите на милионите сонародници кои станаа жртви на Поморот од глад 1932-1933 година. 74-годишната историја на управувањето на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз беше одбележана со низа масовни злосторства кои се замолчуваа со децении

Ивор Мицковски: Не станува збор за минимизирање на улогата на младите и студентите, туку за разбирање на одговорностите кои секоја категорија, секоја група, секој еснаф, па и секоја индивидуа ја сноси во ова општество

Мисли критички: Па кој е Никола Груевски или кој било Претседател на Влада на Република Македонија да дојде, да го оцени и да му каже, момче/девојко ти не си за тука?
Кој и со кое право го оценил Никола Груевски, Абдулаќим Адеми или Спиро Ристовски и му дозволил да заврши и да се стекне со високо образование?

Украинскиот амбасадор во Македонија, Јуриј Гончарук, во колумна за НОВА пишува за сеќавањето на милионите негови сонародници кои станаа жртви на Поморот од глад 1932-1933 година

„Вашиот глас е големо охрабрување дека студентското слободарско движење не било сосема успано, дека не било сосема под контрола, и дека е способно да ги препознае своите легитимни интереси и интересите на народот и земјата“, пишува помеѓу другото Башевски

Европа се соочува со предизвик од Русија, кој го загрозува нејзиното постоење. Ниту европските лидери, ниту европските граѓани не се комплетно свесни за овој предизвик, а исто така и не знаат како најдобро да се справат со него