Browsing: СТАВ

Анонимен наставник од скопско училиште денеска испрати е-маил до редакцијата на НОВА ТВ, во кој ги образложува последиците од екстерното тестирање врз образовниот процес. НОВА интегрално го пренесува текстот

Од 1 јануари 2015 на сила стапуваат измените на повеќе закони со кои ќе се оданочува секој приход на граѓаните во висина од 35 до 40 отсто. Досега оваа давачка беше персонален данок од пристојни 10 отсто. Даночниот рај е пред тежок инфаркт од кој нема спас. Се претвора во пекол.

Откако сатиричната поетска книга „Многудетна“ на @therealpsmst стана популарна на социјалните мрежи, доживеа печатено издание и своја промоција, а една од песните застапени во збирката деновиве доби и своја музичка изведба

Сашо Орданоски: Нашиот популистички лидер себе се доживува во голем историски формат, па не може да прави каква било реформа, туку само таква што историјата на нацијата ја дели на „ерата пред него“ и „ерата откако е тој дојден на власт“

Последниот атак на инквизицискиот пиoн на режимот- Томе Аџиев врз Фрчкоски со неговото барање професорот да биде избркан од Универзитетот, не носи со себе само правни проблематики

Сашо Клековски: И додека фудбалските одлуки се донесени, политичките последици од инцидентите сè уште траат. И тие, политичките последици, ги прават инцидентите на фудбалскиот натпревар, поинакви од другите инциденти

Кој беше навистина актерот Гешоски? Неговата ќерка, Искра Гешоска, во текст на социјалната мрежа Фејсбук го опишува како “ученик на прилепската школа на животот и на Ченто. Tврдеше дека треба постојано да се биде субверзивен и наспроти – тоа е хигиена на духот. Да беше жив, сигурно жестоко ќе се бореше против стварноста која ни се случува… “

Кире Наумов: Империјата на Георгиевски расте паралелно и со слично темпо како и малата група олигарси околу ВМРО – ДПМНЕ. Она што деновиве е интересно е фактот дека оваа скриена љубов сега се објавува и јавно

Ѕвездан Георгиевски: Македонија е една од ретките земји која тврди дека има многу пријатели во светот, што не може да се аргументира со ниту една од неуспешните македонски претензии во меѓународната политика, освен со фактот дека постојат уште некои институции кои се подготвени да ни дадат кредит и да веруваат дека земјата ќе може да го врати. Или барем да ги враќа каматите

Ивор Мицковски: Знаете ли дека во оваа заробена земја и овој потчинет народ, токму зашто е таков, сè уште има повеќе луѓе способни еден ден да се спротивстават на тиранијата, од оние способни да ја одбранат?! Знаете ли зошто? Нашата неслобода, нашата исклученост, сиромаштија и мизерија, па дури и нашето неединство кога еднаш ќе се надмине, ќе бидат неминовни носители на нашето вклучување кон ослободувањето

Последниот притисок на градоначалникот Коце Трајановски врз жителите на една зграда на улица Македонија, непосредно пред Домот на Мајка Тереза, одново нè потсети дека власта и натаму си го тера проектот Скопје 2014

Сите ги обвинуваат политичарите, а ретко кој забележува дека лошото образование е она што создава несвесен народ кој бира лоши политичари. И одново, лошите политичари го расипуваат образованието и носат некадарни личности на просветителските работни места, а тие произведуваат неписмено население, шупливи статуи кои бираат лоши водачи. Таа проклета спирала води кон откривање ново дно