Browsing: СТАВ

Софија Куновска: Имам силна потреба да напишам збор-два за сопственото чувство во врска со посетата на дел од раководството на СДСМ и лидерот на ЛДП на настан кој се случи во Новиот Стар театар пред неколку дена и кој предизвика лавина реакции во јавноста

Плоштад Слобода: Не сметаме дека секој посетител на „барокниот театар со златни вецеа“ е стока, буржуј и љубител на кичот. Но, сметаме дека водачите на опозицијата просто не смеат да организираат сопствени приеми и прослави во најозлогласените објекти на лудиот груевистички проект

Невладин сектор: Како никогаш досега овие измени на Уставот се спроведуваат со голема брзина, несоодветна консултација со јавноста и во отсуство на опозицијата од Собранието на РМ. Дополнително, неприфатлво е носење крупни уставни измени без за тоа да постои соодветна стратегија и јасна цел

Украинскиот амбасадор во Македонија, Јуриј Гончарук, во колумна за НОВА ги анализира најновите настани околу украинско-руските односи: Измислените обвинувања се насочени на одвлекување на вниманието на светската заедница од реалните злосторства против човештвото, извршени од руските платеници и терористи, и од неизвршувањето од страна на Русија на Минските договори

Либералната демократија останува најдобриот систем за совладување на современите предизвици и тешко е да се помисли дека кинеската, руската или исламистичката алтернатива би можеле да понудат разновиден спектар економски, социјални и политички добра кон кои тежнеат сите луѓе.

Мисли критички: Познатиот штрајк во образованието и во културата во сега веќе далечната 2005 година во кој се бараше достоинствени плати за професорите и културните работници, беше полн погодок во предвечерие на редовните парламентарни избори во 2006 година за тогашната опозиција на чело со Никола Груевски да покаже дека тогашните функционери не успеаа да обезбедат примања за достоен живот на просветните и културните работници. Тогаш, како и сега постоеја сериозни притисоци за најавениот протест да не биде одржан

Косовската полиција неодамна уапси имами кои наводно регрутирале џихадисти. Оттогаш кружат гласини дека некои полицајци одбиле да учествуваат во апсењето. Колку ваквите настани го потресуваат косовското секојдневие

Во недостиг на полициски и судски дејствија против оние кои ги праќаат младите во неврат, клучно е прашањето дали властите имаат сознанија за активностите на радикалите и не прават ништо, или пак немаат никакви информации за тоа што се случува на неколку километри од центарот на Скопје.

Покрај странските директни инвестиции и туристите, Република Македонија стана честа дестинација ѝ на вонземјаните – верувам дека се работи за уште една придобивка од работењето 24/7 на оваа влада. Со честите посети на нашите пријатели од вселената, Претседателот на Република Македонија, професорот Ѓорѓе Иванов, само што доби надградена и проширена верзија на говорот кој го одржа пред студентите на Yale во САД.

Драги мои, ја имам среќата да бидам дете на просветен работник. Низ годините, како семејство, ги имаме почуствувано сите „реформи“ и „подобрувања“ на македонското образование. Реформи и подобрувања коишто секогаш се уриваат на грбот на просветарите, а никако да понудат образование за учениците од светски стандарди