Browsing: СТАВ

Порано или подоцна актуелната власт на ВМРО ДПМНЕ ќе се сруши како кула од карти токму поради човечкиот материјал содржан во неа. Тие ќе заминат оставајќи зад себе сериозни штети. Ќе има ли кој да ги надомести загубите или ќе се случи Мурто да го смени Курто на магарето кое липсува на патот кон никаде

Одливот на лекари ја најавува состојбата на државата по десет години. Никако не можат да се обвинат оние кои заминуваат, бидејќи трагаат по нормален живот за нивните деца, некаде каде ќе живеат како луѓе со достоинство. На другите им преостанува да го чекаат моментот кога институциите ќе смогнат сили да ги избројат луѓето

Наместо да разбереме дека нема држава без слобода, запињаме да докажеме дека нема држава без предавници. А со предавниците треба како со предавници, слободно, без гајле – десет удри едно број

Амбасадорот на Украина во Република Македониja Јуриј Гончарук за НОВА: Руската страна не само што се обидува да ја уништи европската иднина на Украина, туку сака да го лиши од иднина и нашиот народ.

Неколку пати сум се зарекол пред себе дека нема да реагирам на будалаштиниве на служителчињава од различни провениенции, ама пусто, не ти дава. А всушност и би било тотално досадно да ги нема да ми го разубават денот, ако ништо друго да ме насмеат. Сакаш „професоркана“ која пола држава прогласи за социопати, сакаш оној бившион „амбасадор“ и неговите теории за заговор, оној бугаро-македонецот кој не’ продава на Русите или оној писателон кој мудрува за се’ и сешто ама не гледа што му се случува во државата …

Веројатно сега можеме да дадеме одговор на прашањето зошто Македонија не е Финска. Недостига национален наратив кој ќе го слави прагматизмот, обичниот човек, образованието и просветителите како нациоални херои на иднината

Иако приходите на домашните телевизии, особено најгледаните, се бројат во милиони евра (види линк), заработените средства главно ги враќаат во откуп на шунд програми и не вложуваат во сопствени програми, кои би биле со пристоен квалитет.

Тамара Чаусидис: Се прашува ли сопственикот на медиумот, Минчо Јорданов, еден од најбогатите луѓе во Македонија, според списанието Форбс, како живее тричленото семејство на Кежаровски во кое никој не работи? Нема ли во империјата на Јорданов работно место за сопругата на Кежаровски? Нема ли од платите што беа наменети за новинарите кои заминаа од Нова Македонија доволно за дел да се одвои и за Кежаровски?

Со проблеми во полето на слободата на изразување, владеење на правото и независноста на судството, Македонија воопшто не треба да се грижи за резултатите од европските избори. Со ваков имиџ, наведените прашања ќе ја остават земјава надвор од ЕУ, дури и ако сите европратеници се залагаат за проширување на ЕУ .

Каде се револуционерите денеска? Нашите родители се денеска најобични работници што гледаат да го заработат својот леб, а комунистичката партија не личи на ништо друго освен на одбивна збирштина кариеристи.“

Неодамнешната ерупција на етничко насилство во Македонија е директен резултат на неодговорноста и скапата политика на двете партии на власт, во стилот раздели па владеј. Етничките тензии се ендемски проблем во Македонија. Без разлика дали се работи за тепачки во автобуси, во училишта, во спортски сали или на улица, сеедно

Во случајов можеме да тргнеме и од крајот, од веќе посочениот неодамнешен пример за спектакуларното „откритие“ (а зарем не беа сите такви кај нас?) на новата „Македонска Модерна“ токму во Музејот на Македонија. (Е ова малку ме буни, зошто тоа не беше направено во Музејон на хоророт, или во новион Археолошки музеј?