Browsing: СТАВ

Или Твитер, беше она од каде се вивна #протестирам, а паралелно со борбата за Правда за Мартин, бликаше и креативност во: постери, флаери, пароли, постови, клипови – чист активизам, како што може само да се замисли; Каде освежи #наточак; Kаде се збираа пластични шишиња и се правеше #твитерелка; Kаде баравме на Кристијан Ефремов да му овозможат пристојни патики за настап на Оломпијада

Треба да се стремиме кон што поголем број медиуми кои слободно ќе работат и кон што помало трошење пари за медиумите од страна на власта. Така ќе останат повеќе пари во џебовите на граѓаните — парите кои биле потрошени за корумпирање на медиумите

Кај нас, „уметниците“ мегафони трубат: „Денес изборот на електоратот во Република Македонија е едноставен и јасен … Кај курентните владетели во Република Македонија гледаме волја за нешто конструктивно и креативно, и што е најважно, гледаме напор и посветеност од нашата држава да се направи една, колку-толку поднослива демократија и одржлива економија“. Хајл, Станковски!

Нѐ ни беше доволно секојдневното битисување во земјава, па моравме да си го зачиниме со нови стереотипи, како: подобни и неподобни, патриоти и предавници, верници и „богохулници“, протестанти и контра-протесанти, „соросоиди“ и „сендвич” активисти, антички Македонци и Словени, „про-геј“ и „анти-геј“, вакви, такви, никакви…

Секој граѓанин што поседува возило, несвесно, но послушно придонесува државната каса брзо и сигурно да се полни уште од првиот момент кога ќе проработи моторот во неговото возило. Аналогно на тоа, ако возилата мируваат, има помалку пари за државата

Јавно обраќање на селекторот на зимскиот салон на ДЛУМ:Ова е земја каде се даваат повеќе пари за забавни мелодии од пари за откупи на ликовни дела. Ова е земја каде се даваат повеќе пари за фестивали на новокомпонирана музика од пари за ликовни изложби

Проблемот е како, во моменти на висока невработеност и сиромаштија, Претседателот си дозволува да троши 5800 евра на вратоврски, во рок од само 6 месеци? Уште повеќе, како е можно некој да износи вратоврски вредни 5800 евра? Па, да ги јадеше за појадок, немаше да му требаат толку!

Дури 79,4% од граѓаните забележале говор на омраза помеѓу политичарите и поддржувачите на политичките партии во земјата, а над 70 % сметаат дека тој се зголемува во последните години

Каде сте генерацијо, каде сте пријатели? Шетам, ве барам низ град, по дискотеки, барови, збутани андерграунд места, ве нема…Ве гледам само на Facebook, во гужви дека ќе се видиме од понеделник, дека сте фатиле цури и момчиња и како да потонавте под скопскиот асфалт што заедно го газевме, го величевме, го повраќавме

Впрочем, кој е тој „стручњак“ – освен ако не е, повторно, полуписменана булумента бивши болшевици – кој така високо ги рангираше националните / државните атрибути на еден Аминта (Први, Втори и Трети, зедно), на Каран, на Парменион, Авдолеон … на Тертила, Публиј Септиј, Будиј … и остала братија?