Четири лица загинаа, а седум се ранети во напад вечерва во израелскиот град Јафа, соопшти полицијата.
Израелските медиуми нападот го окарактеризираа како терористички.
Полицијата додаде дека напаѓачите биле „неутрализирани“.
На снимката од надзорните камери се гледаат двајца мажи, од кои едниот е вооружен со автоматска пушка.