Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ципрас: Експериментот штедење во Грција не успеа

0
By Светлана Јовановска on July 8, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

“Одлуката на грчкиот народ не е прекин туку враќање на основачките принципи на Европската унија, принципи на демократија, солидарност, заедничка почит и еднаквост”, им рече денес грчкиот премиер Алексис Ципрас на европските пратеници во Европскиот парламент (ЕП) во Стразбург.

Ципрас зборуваше за неделниот референдум на кој Грците со повеќе од 61 отсто рекоа “не” за реформите на кредиторите на Грција – ЕУ, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Европската централна банка (ЕЦБ).

Шефот на грчката влада кажа дека пораката на Грците е јасна. Тие сакаат да го прекинат ланецот на ригорозно штедење кое го следат веќе пет години.

Ципрас побара да се најде правично решение на грчкиот проблем и трајно решение за долгот на Грција. Но, истовремено, тој се обрзува да ги реши долгогодишните проблеми на Грција како затајувањето на даноците.

“Болните реформи на штедење кои се водат кон Грција не биле применети никаде на друго место. Тие беа долги и тешки. Мојата земја стана поле за експеримент на штедењето. Треба да ја погледнеме реалноста право во очи: овој експеримент не успеа”, им рече Ципрас на европските пратеници во полната сала на пленарната седница.

„Мојата влада и јас дојдовме на власт пред пет месеци, и јас целосно ја преземам одговорноста за сѐ што се случи во тој период. Но, да бидеме искрени… проблемите на грчката економија не се од последните пет месеци, туку од последните пет и пол години. И покрај сѐ што кажав до сега, не сум еден од оние политичари кои сметаат дека за грчката ситуација се виновни „лошите странци“. Грција е на раб на банкрот бидејќи со години нашите влади беа клиентелистички влади, ја јакнеа корупцијата и создадоа спрега меѓу политичката и економската моќ, затајувањето на даноците доби загрижувачки размери“, рече Ципрас.

„Парите што ги добивме досега беа за спас на Грција и европските банки, но тие не стигнаа до грчкиот народ. Тие пари ѝ беа давани на Грција за да се спасат странските банки во нашата земка. За европскиот проблем потребно е европско решение“, кажал Ципрас, а европарламентарците со аплауз го поздравиле овој дел од говорот.

Многумина аплаудираа но никој не го исвирка грчкиот премиер поради неговиот говор што се смета за добар знак. Превземајќи обврска за даночна реформа Ципрас ги задоволи и најлибералните пратеници кои не го сакаат Ципрас и го сметаат за радикална левица па дури и за марксист.

“Ние сме решени да не бараме конфоронтација со Европа туку да се бориме против менталитетот кој ја турна Грција и целата еврозона во оваа криза”, рече Ципрас и додаде дека не треба да се дозволи Европа да биде поделена. Тој изрази верба дека неговата земја ќе може да најде одговор на барањата на кредиторите пред недела кога истекува на фиксираниот рок за решение.

Аналитичарите подвлекуваат дека грчката криза не датира од вчера. Постапките и начинот на владеење на досегашните грчки влади, нивната корумпираност и лажните податоци со кои Грција успеа да стане член на еврозоната. Токму со тоа треба да се справи владата на Сириза која за тоа бара поддршка и време од ЕУ и другите кредитори. Ципрас денес се обиде дебатата за грчкиот долг да и ја врати на политиката а не на светот на финансиите.

По вчерашниот самит во Брисел, од Грција се очекува уште денес да достави план за реформи кои ќе бидат доволно убедливи за да ги натераат кредиторите да тргнат кон решение. Рок за решение на кризата завршува во недела, предупредија лидерите на ЕУ, а пред се Ангела Меркел, Франсоа Оланд и шефот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.

Меркел изјави вчера дека не е претеран оптимист но остава време од неколку дена за да се најде решение. Од Грција се очекува денес формално барање на нова финансиска помош од Европскиот механизам за стабилност.

Доколку не дојде до решение, Јункер рече дека ЕК веќе има изработено план за Грексит, излегување на Грцијата од еврозоната, и хуманитарен план за помош на Грција.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.