Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Да го исчистиме голубарников

0
By Marija Todorovska on September 9, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Го славиме Денот на независноста без таткото на државава, Киро Глигоров, кому само едно основно училиште му подаривме, го именувавме колку срамот да не биде поголем од нашите порази. А ги имаме премногу, тие наши порази, многу повеќе од подемите.

Од оние кои го дале својот живот за оваа земја останаа само искршените спомен-плочи, нивните избришани имиња, избербатени од единствените посетители, гулабите. Низ деценииве станавме голубарник на незнајните херои. Кој ќе се вознемирува за вандалите, кој ќе ги гони бандитите, нема време за градење на оваа земја.

Биљана Секуловска 

Што се правеше овие 33 години независност на Македонија, пред вас е најлесното прашање воопшто. Се пиеше вино, се правеше лом, се бербатеа голем дел од нашите драги политичари, паѓаа опиени од моќта и парите кои се истураа безобразно, се слеваа додека сите не се подавивме од нивната алчност. Никогаш навистина не паѓаа, не треснуваа, не се покајуваа, не одговараа, ќе ги затресеа пантолоните ако се потслизнеа, ќе ја вратеа широката насмевка, ќе ни се изнасмееја кога ќе проговоревме. Никогаш за нив не беше тоа доволно гласно или доволно отрезнувачки, ниту опасни сме биле, ниту доволно одлучни да ги спречиме да продолжат, како ништо да не било.

Го славиме Денот на независноста без таткото на државава, Киро Глигоров, кому само едно основно училиште му подаривме, го именувавме колку срамот да не биде поголем од нашите порази. А ги имаме премногу, тие наши порази, многу повеќе од подемите.

Од оние кои го дале својот живот за оваа земја останаа само искршените спомен-плочи, нивните избришани имиња, избербатени од единствените посетители, гулабите. Низ деценииве станавме голубарник на незнајните херои. Кој ќе се вознемирува за вандалите, кој ќе ги гони бандитите, нема време за градење на оваа земја.

Годините се трошат во уривање, во ограбување, во осиромашување на луѓето кои се согласуваат и се помируваат со мизеријата, која господата полтичари ја нарекуваат традиционално скромна трпеза.

На таа софра судството и обвинителството прават се за  не се бидат ставени на мени корумпираните политички глави, ниту пак нивните смее да бидат ставени под прашање. Граѓаните од бесни, револтирани, борбени, станаа апатични, разочарани, пасивни и неми набљудувачи на сопствениот живот. Некои низ сиве овие децении решија да се согласуваат тивко и покорно и да останат, се додека не беа целосно згазени и засрамени од самите себе. Се пакуваа најбрзо што можат, заминуваа уште побрзо, не сакаат да се завртат дури и кога им мавтаа нивните, покосени што можеби никогаш нема да ги видат, тупи од болка што морале сепак да останат, веројатно принудени, нема друго објаснување.

Останавме малку, доволно сме сепак за една мала честитка- Среќна независност, борбата продолжува.

Текстот е во сопственост на 25минути.платформ.мк

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025
ФОКУС

Закажано првото рочиште за трагедијата во Кочани – судскиот маратон почнува на 19. ноемнври

ВЕСТИ October 16, 2025

Главната расправа за кривично-правниот предмет К.бр. 1872/25, поврзан со страшниот пожар во дискотеката „Пулс“ во…

Денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, досега пријавени 43.000 граѓани, продолжува пријавувањето

October 16, 2025

Кијив: Големи руски напади ја прекинаа струјата во украинскиот главен град и во повеќе други региони на земјата

October 15, 2025

Фон дер Лајен: Целосно стоиме зад вас, топката е во вашиот двор

October 15, 2025
ТИКЕР

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.