Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Да го вратиме Ќосето

0
By Zoran Ivanov on September 15, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поминаа неколку години од овие  колумни што сум ги објавувала во НОВА. Сеедно, соништата за Ќосето остануваат живи. Пред повеќе од една година, градоначалничката на Скопје, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, најавуваше негово враќање. Сега сонот за Ќосето повторно се враќа на сцена, но овојпат кај молот Ист Гејт, што е најдобрата идеја воопшто смислена. Ѓубрето на паркингот спроти овој мол и реата која ја шири може единствено да ја сопре крволочното Ќосе, …

Биљана Скуловска

Неговото прво убиство било на 14 години. Оттогаш, во спомените на оваа земја станува запаметен како Касапот.

Кога имал отприлика 18 години, во Мариовските планини наишол на јагленари. Не се работело за аскер, кој би бил закана за него, не биле воопшто наоружани и ништо апсолутно не му направиле. Биле 15 луѓе на број. Сите ги убил.

Тоа е Андон Ќосето. Едвај да бил писмен. Неговиот јазик, неговото слово, неговото се- била егзекуцијата. Само така можел да опстане и само тоа му било причина за сепство.

100 години подоцна, Владата предводена од Никола Груевски на Ќосето му подигна споменик пред Кривичниот суд. Симболична порака, особено за политичките затвореници кои  избегнале можеби физичка ликвидација, но на секој друг начин тие се егзкутирани, за да не им се чуе ниту име, ниту глас, тогаш кога триумфира ќосевизмот во срцето на Груевски.

Неговите последни денови на изборната кампања ги одбележа заканата кон Заев. Говорејќи на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево, Груевски му порача: “Да беше Делчев денеска жив, тој немаше да може со него да се поздрави, на него ќе му беше пратен само Ќосето да ја заврши приказната со таков човек”- му порача Груевски на Заев, како што објави тогаш Република. Тогаш тој посегна по Ќосето, со тоа што не само што му се закани  директно на Заев, туку и прати овластување до сите негови потенцијални ќосиња, дека теренот е отворен за касапење. После неговите касапски загари, откако полето за натпревар за масакрирање беше отворено, дури после, се охрабрија и разулавеа, како онаа ноќ пред ДИК, декември 2016, кога започнаа повиците за ликвидации. Антонио Милошоски ја повика ДИК „или да ја признае волјата на народот, или да се соочи со гневот на народот“.

Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, Валентина Божиновска, говореше за “вечер на ножевите, вечер или на разумот или на лудилото, на еден човек, на последниот македонски предавник- Зоран Заев.” Насобраната толпа бараше „гасни комори за Шиптари“, порачувајќи дека „Ќосето е жив“.

Поминаа неколку години од овие  колумни што сум ги објавувала во НОВА. Сеедно, соништата за Ќосето остануваат живи. Пред повеќе од една година, градоначалничката на Скопје, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, најавуваше негово враќање. Сега сонот за Ќосето повторно се враќа на сцена, но овојпат кај молот Ист Гејт, што е најдобрата идеја воопшто смислена. Ѓубрето на паркингот спроти овој мол и реата која ја шири може единствено да ја сопре крволочното Ќосе, отворено заканувајќи се на сите градоначалници на скопските општини кои ја земаат како изговор исклучиво Арсовска за сопствената неспособност да се справат со работата за која се избрани и платени.

Враќањето на Ќосето е сон за враќање на една заробена држава, во која на сила беше само теророт, насилствата, уцените, заплашувањата, нерешените сообраќајки, притисоците, корупцијата, непрочистените списоци, лажирањето на избори, убивањето на слободни медиуми. Враќање на груевизмот на голема врата. Така мислат само наивните. Оваа нова ера на владеење на Мицкоски е далеку од вакви апокалиптични сценарија. За сето тоа сепак треба многу работа. Од власт која се плаши да се справи со ноќните дивеења на колите на Партизанска, не може да очекувате да биде амбициозна за посериозно засукување на ракавите и желба за градење на една подобра држава.
Стоте дена заканувачки истекуваат за нив, како што нервите на граѓаните се повеќе се истенчуваат.

Сопственик на текстот е 25 минути.мк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025
ФОКУС

Закажано првото рочиште за трагедијата во Кочани – судскиот маратон почнува на 19. ноемнври

ВЕСТИ October 16, 2025

Главната расправа за кривично-правниот предмет К.бр. 1872/25, поврзан со страшниот пожар во дискотеката „Пулс“ во…

Денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, досега пријавени 43.000 граѓани, продолжува пријавувањето

October 16, 2025

Кијив: Големи руски напади ја прекинаа струјата во украинскиот главен град и во повеќе други региони на земјата

October 15, 2025

Фон дер Лајен: Целосно стоиме зад вас, топката е во вашиот двор

October 15, 2025
ТИКЕР

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.