Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дали Христијан Мицкоски типува на Доналд Трамп?

0
By Zoran Ivanov on July 10, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Доколку се суди според првата средба на македонскиот премиер на маргините на самитот во Вапингтон, Мицкоски не е меѓу оние европски политичари кои стравуваат од враќањето на Трамп во Белата Куќа. Напротив

Борис Георгиевски

Доколку се суди според првата средба на македонскиот премиер на маргините на самитот во Вашингтон, Мицкоски не е меѓу оние европски политичари кои стравуваат од враќањето на Трамп во Белата Куќа.

Христијан Мицкоски и Ричард Гренел во ВашингтонФотографија: Nordmazedonischer Premierminister Hristijan Mickoski

Сенката на поранешниот, а можеби и идниот, претседател на САД, Доналд Трамп е надвисната над јубилејниот самит на НАТО во Вашингтон. Нервозата е голема, особено во Европа, дека ова би можел да биде последниот собир на Алијансата на кој таа ќе настапи обединето и ќе манифестира единство.

Не и кај Христијан Мицкоски.

Во првиот мандат на чело на САД, Трамп веќе покажа аверзија кон НАТО. За вториот мандат веќе најавува дека ќе ја заврши војната во Украина за 24 часа и дека ќе го отповика членот 5 од Договорот, кој е клучот на колективната одбрана на земјите-членки на Алијансата, за оние земји кои не трошат доволно од својот буџет за одбраната. Стравувањата се големи што ќе значи тоа за безбедноста на Европа и за иднината на континентот.

Доколку се суди според првата средба на македонскиот премиер на маргините на самитот во Вапингтон, Мицкоски не е меѓу оние европски политичари кои стравуваат од враќањето на Трамп во Белата Куќа. Напротив. Придружуван од министрите за надворешни работи, внатрешни работи и одбрана, Мицкоски за прв соговорник во Вашингтон го одбра Ричард Гренел, контроверзниот поранешен дипломат и поранешен в.д. координатор на американските разузнавачки служби.

Кој е Ричард Гренел?

Гренел беше првиот отворено геј политичар номиниран од администрацијата на Трамп, кога стана амбасадор во Германија во 2018 година. Но, токму во Германија се случија и најголемите скандали кои доведоа и до барање тој да се прогласи за „персона нон-грата“. Уште не беше ни вистински седнат на функцијата, Гренел даде интервју за деснопопулистичкиот портал Брајтбарт, каде отворено порача дека неговата цел е да ги зајакне „конзервативните сили во Европа“, притоа алудирајќи на политичари како Виктор Орбан во Унгарија и Матео Салвини во Италија.

Но, тоа не беше и крајот на скандалите кои ги предизвика Гренел. Кусо откако ја презеде функцијата тој бараше од германските бизнисмени да не соработуваат со Иран. Потоа им се закануваше со санкции на германските фирми кои работат на гасоводот „Северен тек 2“, и бараше Германија да увезува американски гас. Заканите потоа продолжија и кон владата: доколку кинеската фирма Хуавеи добие тендер за изградба на 5Г мрежата во Германија, САД ќе ја ограничат соработката со германските тајни служби.

Ричард Гренел со Редот на српското знаме, орден кој му го додели српскиот претседател Александар ВучиќФотографија: Darko Vojinovic/dpa/picture alliance

Контроверзите во кои беше вмешан Гренел продолжија и со неговото именување за специјален пратеник за Балканот на Трамп. Иако официјално беше демантирано, клучната мисија на Гренел во регионот беше да работи на планот за размена на територии меѓу Србија и Косово.

Во април годинава, британски Гардијан го опиша Гренел како личен „пратеник на Трамп“, човек именуван за патувачки амбасадор додека поранешниот претседател работи на своето враќање во Белата Куќа.

„За критичарите, тој e ‘онлајн штетник’ и ‘национален срам’ – и што е најважно, мрачно олицетворение на тоа како би изгледала надворешната политика во втората администрација на Трамп“, ќе напише „Гардијан“.

Отворена порака

„Плодната и пријателска вечера” со Гренел, како што ја опиша самиот Мицкоски, оттука отвори повеќе дилеми, од кои најважните се: дали новата македонска влада типува на Доналд Трамп, и како неговиот евентуален реизбор ќе се одрази на состојбата во регионот и внатрешната и надворешната политика на Македонија?

Мицкоски на вечерата со Гренел го придружуваа министрите за одбрана, внатрешни и надворешни работиФотографија: Nordmazedonischer Premierminister Hristijan Mickoski

Иако за вечерата со Гренел, за разлика од другите активности на Мицкоски во Вашингтон, отсуствуваше владино соопштение, нивото на состанокот: премиер и министри за надворешни, внатрешни работи и одбрана; укажува на високо ниво на присуство (дури и без вратоврски) кое испраќа порака до соговорникот, но и до пошироката јавност. Со оглед на рејтингот на Гренел и растечките тензии пред претседателските избори во САД во ноември, „плодната вечера“ нема да мине незабележано ни кај актуелната администрација во Вашингтон, ниту кај либералните пријателски држави во Европа. Доколку целта на новата влада во Скопје била да се испрати токму таа порака и да се застане во редот на поддржувачите на Трамп во регионот, веднаш зад Виктор Орбан и Александар Вучиќ, тогаш, во најмала рака, Македонија ја очекуваат интересни времиња, со или без Трамп на кормилото во САД.

Нешто подоцна, во излагање на Џонс Хопкинс универзитетот, Христијан Мицкоски ја осуди руската агресија врз Украина, оценувајќи дека она што се случува во таа земја е „закана за човештвото“, и наведувајќи дека Македонија е еден од најголемите донатори и поддржувачи на Киев, според број на население. Зборови кои не се на линија на она што го заговараат Трамп и неговите „пратеници“, а многу повеќе налик на ставовите на американските и европските либерали и умерени конзервативци. Ќе опстојат ли премиерот и неговата влада на овие ставови доколку Белата куќа добие старо/нов станар? Веројатно нема да мора да чекаме до ноември за да го дознаеме тоа.

27-то гласање

Речиси точно четири години Северна Македонија е членка на Економско-социјалниот совет на Обединетите Нации (ЕКОСОК), едно од шесте главни тела на светската организација. Половина од мандатот, поточно последниве две години, со помош на западните сојузници, Северна Македонија го блокира влезот на Русија во ова тело на ОН, како казна за руската агресија врз Украина, така што се јавува како противкандидат и ја оневозможува Москва да освои две-третини од потребните гласови за членство. Досега се гласало 26 пати. Последното неуспешно гласање било на 1. јули.

Случајно или не, Северна Македонија наскоро ќе има нов амбасадор во ОН. Се наѕира дека хајката против досегашниот државен претставник Љубомир Фрчкоски ќе има успешен крај и на негово место ќе седне амбасадор назначен од новата влада. Владата во Скопје на почетокот на месецов веќе задоцни со потпишувањето на заедничката изјава со којашто 36 европски земји ја повикаа владата на Грузија да го повлече Законот против странски агенти. Со тоа, земјата првично застана до Словачка, Србија и Унгарија како единствени во Европа кои одбија да се придружат на изјавата во Советот за човекови права на Обединетите нации во Женева. Нешто подоцна, Северна Македонија сепак стана 37 држава потписник.

Останува да видиме како ќе помине и евентуалното 27 гласање во Економско-социјалниот совет на ОН. Навидум ситните чекори и одлуки во политиката, честопати знаат да бидат показател за големата слика. Слично како и „плодните и пријателски вечери. Линк

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

ВЕСТИ September 27, 2025

Родителите на починатите во мартовскиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска по 24 –…

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

September 27, 2025

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

September 26, 2025

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.