Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дамева за одлуката на ДКСК: Директен упад во судската власт

0
By Zoran Ivanov on November 15, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева ја оцени како директен упад во судската власт одлуката на Државната комисија за спречување на корупција – ДКСК, според која Судскиот совет треба да ги повлече своите двајца членови кои ги назначи во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.

Дамева во вечерашното гостување на Топ Тема на ТвТелма тврдеше дека одлуката на Судскиот совет да назначи двајца свои членови во УО на Академијата била транспарентна и ѝ забележа на ДКСК зошто не ги известила за седницата на која се разгледувала таа одлука.

Морам да го искоментирам начинот на одлучувањето на ДКСК, имено, крајно разочарувачки. Затоа што во поткрепа на иницирање на постапка спрема Судскиот совет, Комисијата не најде за сходно дури ниту да побара аргументација од Судскиот совет, да го побараше записникот, да види кои се фактите и аргументите врз основа на кои ја донел одлуката. Тоа е прво, второ Судскиот совет не беше известен за седницата, која што беше закажана, мислам како интервентна со оглед на датумот на иницирање на постапката, па барем да беше запознат да имаше претставник таму да ја даде својата аргументација, рече Дамева.

Забелешките на антикорупционерите и невладините организации беа дека одлуката на Судскиот совет е незаконска затоа што законот предвидува членовите на Управниот одбор кои ги назначува Судскиот совет да бидат од редот на активните судии. Но, Дамева е на ставот дека најрационално и најефикасно е тие да бидат од Судскиот совет.

Знаете, спроведувајќи ја надлежноста Судскиот совет го знае профилот на секој судија, и замислете ако имавме барем двајца членови на Судскиот совет во моментот на избор на директор, идентично е и за обвинители. Значи ако имаше двајца членови од Советот на обвинители, двајца од Судскиот совет, сигурно дека ќе дадеа поголем придонес во насока на аргументација на избор на директор, не зборувам за конкретниот избор, генерално за избор на директор, кое што е впрочем и во надлежност на Управниот одбор, и цврсто останувам на тој став. Но, имам впечаток дека во нашата држава сите како да сакаме да ги толкуваме законите, како да не сакаме да ги читаме законите. Мојата аргументација ќе ја задржам за себе по однос на тоа дали треба од редот на редовни судии или тоа може да бидат и членови на Судскиот совет, односно фактот што редовни судии не познава нашето судство апсолутно нема активни, но и тоа е прашање на дилема, рече Дамева.

Таа искажа забелешки и за начинот на кој Антикорупциската комисија ја донело одлуката, како и на нејзината содржина.

Од она што го видов кога ја примив одлуката, не го анализирав образложението бидејќи во оваа фаза сметам дека не треба да го сторам, тоа ќе го разговараме заедно со членовите на Судскиот совет, но крајно разочарувачки и крајно тенденциозно е во изреката стои „се запира постапката“ и се укажува на Судскиот совет каква одлука да донесе и во кој рок. Во какво својство се ставила ДКСК? Ова е директен упад во судската власт, атак врз независноста и самостојноста и на одлучувањето на членовите на Судскиот совет и воопшто на судството, рече Дамева.

Во однос на проблемот со недоволниот број судии, претседателката на Судскиот совет укажа дека веќе спровеле две анализи за реалната потреба од судиски места, воедно, вели, Судскиот совет прибира податоци од сите судови и по однос на човечките ресурси во судството за да помогне на Министерството за правда, да изгради стратегија за човечки ресурси која е неопходна за успешен реформски процес. Таа при тоа е децидна дека за ова прашање решението не е во Судскиот совет.

Со оглед дека нема законска можност и едиснтвена законска можност е да се избираат судии од редот на завршените кандидати во Академијата, останува на извршната власт да обезбеди барем просторни услови за Академијата, мислам на поголема зграда од која ќе можат да се регрутират голем број на судии. Не 50, 55, како што е оваа генерација, да може Академијата во една генерација да произведува по 200, 250 судии. Така ќе се надмине проблемот. Тоа е првата состојба и втората можност е да се преиспита потребата од враќање на старосната граница како што беше пртходно, односно да  претрпи измени Законот за работни односи и да се зголеми таа старосна граница. Тоа се двете можности, законски други можности во овој момент нема, меѓутоа и тоа се предлозите за законски измени, вели Дамева.

Во контекст на буџетот за правосудството кој и наредната година се предвидува да остане на 0,3 отсто од БДП, Дамева оценува дека тоа не е доволно, оти тие не го надминуваат ни минимумот за нормално функционирање, ако се има во предвид дека за плати за судиите отпаѓаат 75 проценти. Граѓаните заслужуваат брза и ефикасна правда, но таа не може да се овозможи ако вие немате човечки ресурси, ако немате финансиски средства, ако немате судии. Затоа, вели, вчера на собраниската комисија апелирала за неопходноста од амандмански интервенции за доделување на потребните средства.

Она што е во надлежност на другите две власти, сакаат да имаат успех во нивната власт. Буџетот е во надлежност на извршната, во мoментот на усогласувањето на тој буџет, а законодавната која си го носи е во нивна надлежност. И најчесто, барем мојата лична перцепција е дека сакаат да ги задоволат потребите во другите две власти. За судската власт никој никогаш, ниту оваа власт, ниту претходната, ниту некоја наредна ќе има слух за судството. Затоа сме ние тие коишто треба да ги превземеме наредните чекори, но јас се надевам дека ќе има волја за заеднички да ја подобриме состојбата, затоа што граѓаните тоа го заслужуваат, подвлекува претседателката на Судскиот сосвет, посочувајќи дека судската е единствена власт која не користи репрезентации, нема службени картички, не користи службени возила и се исплаќаат трошоци во висина на автобуски билет, а тоа не е случај со носителите на функции во другите две власти.

На прашањето дали се соочила со влијанија,  односно со кого е блиска бидејќи сегашната власт ја обвинувала за блискост со опозицијата, а претходната власт, за блискост со тогашната опозиција, Дамева посочува дека и двете обвинувања се неосновани.

Блиска сум со моите пријатели од детство, со моите другарки, со моите соседи и со уште многу луѓе, но генерално не се од политиката. Ако поранешната власт ме разреши, сегашната власт иницираше постапка за разрешување на Судскиот совет, во кој спаѓам и јас. Така да тие поврзувања апсолутно не се воопшто основани и не сум блиска со политичари, дури и оние што ми се познаници, апсолутно, ви кажав, имам бедем ставено и не можат да допрат до мене по однос на иницицирање или дејствување на одредени барања за услуга, за влијание врз некоја одлука или слично, вели Дамева.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025
ФОКУС

Стармер го прекинува престојот во Данска – Итно се враќа во Велика Британија поради нападот во Манчестер

ВЕСТИ October 2, 2025

Британскиот премиер Кир Стармер одлучи итно да се врати во Велика Британија откако доби информации…

Израел ја уапси Грета Тунберг

October 2, 2025

Тел Авив: Активистите пловат кон Израел но ќе ги депортираме во Европа

October 2, 2025

Зеленски предупреди на закана од катастрофа во најголемата нуклеарна централа во Европа

October 1, 2025
ТИКЕР

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.