Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Данела Арсовска: Бесплатен јавен превоз за сите скопјани

0
By НОВА ТВ on September 28, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бесплатен јавен превоз за сите скопјани и понуда на избор за жителите за еколошка алтернатива на нивните автомобили беше најавено денеска на прес конференцијата што ја одржа кандидатката за градоначалник Данела Арсовска.

-Со ова решение беше презентиран еден од 15+1 проекти од нејзината програма и истото се однесува на проблемот со загадениот воздух, подобрување на хаосот со транспортот во главниот град и воведување сообраќаен ред, пишува во соопштението.

Кандидатката за градоначалник објасни дека вакви решенија има досега во Франција, каде во повеќе од 30 општини тоа веќе функционира. Во 2013 година во Естонија, Талин стана првиот главен град на ЕУ што направи промена, а минатата година Луксембург, со население од 626.000 жители, стана првата земја што понуди тотално бесплатен јавен превоз. 

„Ако може тоа да функционира некаде, зошто не кај нас? Сведоци сме на лошо работење на ЈСП поради непродуктивни трошоци, не постоење на систем за брз и ефикасен превоз. Решението за БРТ ниту е добро, ниту пожелно за Скопје и со него ама баш ништо не се решава, туку само дополнително се комплицира. Ќе се преместуваат мостови, ќе се сечат дрвја по Партизанска, ќе се направи гломазен нефункционален систем. Секогаш одиме по комплицираниот пат кога пред нас имаме едноставни решенија. Време е тоа да престане“, порача Арсовска. 

За неа ова решение е единствено за сите скопјани, за сите населби, што не е случај со БРТ каде се изоставуваат приградските населби.  

„Кога имате брз и ефикасен бесплатен превоз, секој од нас наместо да користи автомобили ќе го користи овој превоз, а со тоа значително ќе се намали загадувањето“, смета Данела Арсовска.  

Таа најави и воведување на ноќни линии посебно во викенд и воведување на нови автобуски линии и нови постојки. Голем број од линиите ќе бидат и зачестени и проширени во својот дофат.

Инаку на денешната прес-конференција кандидатката Данела Арсовска реши да одговара на новианрските прашања, за разлика од вчера, по што беше критикувана од дел од новинарите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.