Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Давитковски: Кај нас нема политички морал, сѐ се сведува на политички пазар

0
By Marija Todorovska on June 21, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Оваа партија што победи сега во кампањата зборуваше дека ќе го рационализира, ќе го смали јавниот сектор, јавната администрација особено министерствата и сега наеднаш се иде со 4 нови министерства. Тоа не е реформски зафат да се разбереме. Тоа по мене е едно шнајдерско прекројување на посотечките министерства“, вели професорот Борче Давитковски во интервјуто за ЦИВИЛ Медиа.

Со професорот разговаравме за реорганизација на Владата, предизвиците и перспективите како и можноста новата Влада да биде функционална и да работи во интерес на граѓанит. Со професорот разговаравме и за уставните измени и начинот на кој би продолжиле евроинтеграциите за Северна Македонија.

Давитковски: Кај нас нема политички морал, сѐ се сведува на политички пазар

„Зошто јавната администрација е рак рана. Зошто не успеваат реформите. Тие не успеваат само затоа што имаме преклопување или триплицирање на исти надлежности. На пример, вода. Водата ја конторлира Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство, Министрество за здравство за квалитетот на вода, па за транспорт и врски, па Министерство за локална самоуправа итн. Значи четири – пет министерства кои што формално правно имаат надлежности да се грижат за квалитетот на водата, да не се загадува итн. А фактички, еве ги гледате езерата, реките, изворите на кое дереџе ни се сведуваат. Најтешко е кога ќе форирате орган и не му давата надлежности, сами ќе измислат надлежности. За да опстанат, за да постојат, а тој орган што ги имал претходно тие надлежности, не ги дава. И веќе тука имаме дуплирање и затоа имаме толку голема администрација“, потенцираше Давитковски за реорганизацијата на Владата.

Реорганизација на Влади или полиитчки пазарења

Професорот Давитковски вели дека управното право, административносто право е цел наука ќоја се базира на повеќе принципи, кои доколку целта е да се содаде нова организациска единица треба да се спојат и да се види дали таа организација би била функционална.

„Дали може во Министерство за надворешни работи да биде и надворешна трговија. Или на пример, на Министерство за култура да му ставите економска категорија туризам. Тоа се гледа дека е вештачки. Тоа нема да заживее, а во иднина ќе прави големи проблеми. Сега ќе имаме балканска Влада, мераклии сме за тоа, или јас би рекол африкански Влади. Каде што имапомалку демократија, каде што има посиромашна држава, тогаш има многу министерства’, вели професорот.

Ако сакаме вистинска рационална Влада, ако сакаме да штедиме, ако сакаме реформи, затоа што Европа сигурно ќе ни укаже и на таа работа, по мене требаше или  суштински да се направи таа реформа, да се консултираше науката, вели професорот и додава дека кај нас последните 30 години сè е политички пазар.

„Нема кај нас политички морал. Носителите на фукнцкии не се залагаат за некои политички принципи. Политиката е исто наука, а не како ние што ја аплицираме. Тоа се сведува на пазар. На пример, зошто не се укинаа заменици министри? Тоа е полиитчки пазар. Ако веќе се става треба да се стават помошници министри кои што ќе бидат перманентни и преминот на власт од една кон друга тие ќе ја спроведат. Сега кога ќе влезат во министерство новите, цел спрат каде што е министерот се празни. Нови шефови на кабинети итн, но помошникот миистер е тој што на новата власт им кажува што е сработено, до каде е…, а кај нас ги бришат и компјутерите, се нула, ништо да не постои, ниту еден фајл во компјутер“, вели Давитковски.

„Битно е транзицијата на власта и транзицијата на надлежностите да се обезбеди. Ние тоа го немаме“, потенцира Давитковски.

В.Д. е наша измислица, тоа само во Македонија се прави

„Правна држава се гради со доследно почитување на правото. А не на овој начин. Затоа имаме граѓани од прв ред, граѓани од втор ред. А сето тоа, како што се компонира власта, мислам дека е поради тоа што сè некомпентетни луѓе ќе дојдат на функција. За политичкиот дел не зборувам туку за стручниот. Преку в.д. се разводнуваат законските норми и затоа доаѓаме до ова дереџе“, вели Давитковски.

„Системот ни затајува затоа што немаме вистински луѓе на вистинските места“, заклучи Давитковски.

Професор Борче Давитковски (фото: Ариан Мехмети/ЦИВИЛ)

Експеримент –реорганизација на Влада

„Ако се успее да се направи една кохерентност во Владата и сите да слушаат еден, премиерот, тогаш може да се очекува некое функционално работење на Владата. Но, ако се остави секој да си владее во својот ресор, да си го полни со партиски кадри и да дговара на својот политички лидер, а не на премиерот, мислам дека до сега беше лоша практиката, но како ќе биде ќе видиме. Практиката до секој пат дематирала дека што почне Владата, штом се поделат ресорите, секој си почнува да си пее своја песна“, смета Давитковски.

„Да се разбереме, секаде во светот премиерот е шеф на јавниот сектор“, истакна професорот.

Перспективите на новата Влада

„Како се формира новата Влада, пак сè иде партиски, особено во пониските ешалони, сè ми личи како порано што се работело. Дали ќе се воведе нешто ново ќе видиме“, вели Давитковски.

Евроинтеграции и уставни измени

Со професорот зборувавме и за аспирациите на земјата за влез во ЕУ и условот кој што треба да се исполни гласањето за уставните измени и влез на БУгарите во Уставот.

„Уставните измени ќе биде рак рана на оваа Влада. Не верувам дека може да се направи нова преговарачка рамка. Единствено, кога во Уставот, во таа одредба за Бугарите, би се вовело да биде ефектуирана кога ќе влеземе во Европа ил ида бидат и уставните измени условни. Но, не верувам, еве гледам како реагираат и Американците, Бајден и Макрон, во поглед на уставното име. Со дипломатски речник тоа е фактички ултиматум.

„Нашата иднина е само во Европа“, истакна професорот Давитковски.

Биљана Јордановска / Цивил Медиа

видео и монтажа: Ариан Мехмети

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025
ФОКУС

Претседателката на ЕК, Фон дер Лајен најави отворање „фабрики за вештачка интелигенција“ во Северна Македонија и во Србија

ВЕСТИ October 14, 2025

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера попладне во обраќањето на Инвестицискиот форум…

Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

October 13, 2025

Тел Авив: Ослободени сите живи заложници од Газа

October 13, 2025

Хамас започна со ослободување на заложниците во Газа

October 13, 2025
ТИКЕР

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.