Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дебакл на „Новогодишната кошничка“ :потфрлување на владата или манипулација од супермаркетите?

0
By Zoran Ivanov on December 25, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Синџирите на супермеркетите во капитализамот се појавуваат како најсвирепи искористувачи, особено во земјите без консолидирана пазарна економија. Тие злоупотребуваат и она што произведуваат, и она што консумираат. Земјоделците и производителите го зголемуваат продуктивитетот, а работниците сепак остануваат гладни.

Џелал Незири

Северна Македонија со Устав е социјална држава. Тоа значи дека државата е обврзана да одржува социјална еднаквост меѓу различните слоеви на општеството. Други зборови – разликата меѓу богатите и сиромашните да биде минимална. За да се постигне ова, социјалната држава е обврзана да обезбеди праведна распределба на благата и капиталот. Ова е наведено во документот наречен Устав, кој треба да служи како општ социјален договор. Реалноста покажува еден дива капитализам – од вкупните приходи на граѓаните од 3.4 милијарди евра, 470 милиони евра оди кај само 1% од добитниците.

Кошницата на потрошувачите, која подразбира минимални месечни трошоци за едно четиричлено семејство (храна, облека, патувања…), во последниот месец достигна 63.000 денари, додека трошоците само за основните производи за храна – достигнаа 24.000 денари. Во меѓувреме, минималната плата е само околу 22.000 денари.

Владините мерки за ублажување на оваа голема разлика помеѓу богатите и сиромашните досега не донесоа посакуваните резултати. Таква беше и „џентлменската договорка“ меѓу Владата и супермеркетите за создавање на т.н. „Новогодишна кошничка“, каде ќе се ослободат околу 60 основни производи за храна во периодот на новогодишните празници. Но, креативноста на супермеркетите се појави во очите на клиентите: ги намалиле цените на основните производи, но ги зголемиле цените на другите производи.

Премиерот Христијан Мицкоски јавно ги осуди синџирите на супермеркети со зборовите „срам да им е“. Дали тоа е доволно? Се разбира дека не.

Примерот на развиените земји
Како и образованието, здравството и инфраструктурата, така и секторот на храна во сериозни земји се гледа како државен интерес. Бизнисот со храната создава мала елита на богати луѓе, користејќи ја најосновната потреба на луѓето – потребата за јадење. Во овој процес на донесување на храната од производителот до масата на луѓето, поголеми профити остваруваат посредниците – големите синџири на супермеркети. Тие профитираат и од производителите (особено земјоделците) и од купувачите, бројувајќи огромни профити на нивна штета. Во модерниот свет, овие супермеркети прават класична експлоатација користејќи ја неефикасната примена на социјалната држава.

Дури и во Норвешка, најбогатата земја во Европа, веќе подолго време се води дебата за национализација на супермеркетите. Други зборови, се бара да има, исто како во образованието, здравството, транспортот, енергијата… и супермеркети кои ќе бидат во државна сопственост. Значи, покрај приватните, да се основаат супермеркети кои ќе бидат управувани од државата токму за да ги заштитат производителите и купувачите од експлоатација на супермаркетските магнати.

Аргументот за национализација на основните прехранбени производи во Норвешка има за цел да ја зачува моралната одговорност, а не да го решава нерамнотежата во општеството. Експертите таму велат дека храната треба да биде поврзана само со потребите на човекот, а не да се претвори во средство за акумулација на богатство на сметка на другите. Според нив, државните супермеркети, всушност, се преиспитување на распределбата на храната како потреба и универзално право на човекот. Тие ќе бидат поттик за еднакво општество, каде основните потреби како што е храната, ќе бидат достапни за сите.

Не само во Норвешка, туку и во други развиени земји, државата вистински интервенирала со решенија кои можеби изгледаат радикални, но го штитат обичниот граѓанин. Авторитетите во САД не се колебаат да го користат национализирањето на претпријатијата или приватните дејности во случаи на кризи кои ја загрозуваат поголемиот дел од населението таму. На пример: демократот Вудроу Вилсон го национализираше железничкиот сектор, индустријата за телефонија, телеграф и радио. Републиканецот Роналд Реган, пак, го национализираше една голема национална банка. Демократот Френклин Д. Рузвелт го национализираше десетици рударски и производствени објекти, додека републиканецот Џорџ В. Буш го национализираше обезбедувањето на аеродромите и некои големи финансиски институции. Анкета од 2020 година покажува дека 63% од Американците ја поддржуваат национализираната здравствена заштита.

Во 70-те години од минатиот век, британската влада го национализираше производителот на автомобили British Leyland. Овој потег беше преземен за да се сочува националната индустрија за производство на автомобили, која беше важен дел од економијата на земјата.
По Втората светска војна, француската влада под водство на Шарл де Гол национализираше некои важни компании во индустријата за енергија, автомобили и банкарскиот сектор.
Во 2008 година, аргентинската влада под водство на Кристина Фернандез де Киршнер го национализираше големата компанија за приватни пензиски фондови (AFJP). Владините интервенции во Аргентина влијаеа и на сектори кои вклучуваа широка потрошувачка, како што се производството на прехранбени производи и енергија.

Врзани во „синџири“

Зинџирите на супермеркетите во капитализамот се појавуваат како најсвирепи искористувачи, особено во земјите без консолидирана пазарна економија. Тие злоупотребуваат и она што произведуваат, и она што консумираат. Земјоделците и производителите го зголемуваат продуктивитетот, а работниците сепак остануваат гладни. Регулирањето на неправдата во системот на храна треба да биде висок приоритет за социјалните држави, како Северна Македонија. Државните супермеркети, управувани во интерес на производителите, работниците и купувачите, може да бидат подобра мерка која ќе го подобри животот на граѓаните, отколку мерките кои привремено ги замрзнуваат цените или ги намалуваат за одреден асортиман на прехранбени производи само пред празниците.

Ова прашање не треба да се гледа само црно-бело. Овој проблем вклучува економски, етички и социјални димензии. Уставната обврска за социјална еднаквост, универзалните човекови права (слобода од ропство, од тортура, право на живот, работа, храна, лекување…) и длабоките вредности за благосостојба и еднаквост, треба да бидат поттик за пронаоѓање на вистинското решение на овие неправди.

Текстот е сопственост на Инбокс 7.мк

 

колумна џељал незири
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.