Еминентната косовска тинк-тенк организација Балкан форум објави опширно видео интервју со Џабир Дерала од ЦИВИЛ, во кое новинарката Гонџе Коњуфца постави широка палета од прашања и теми. Интервјуто е дел од серијалот „Балканот и пошироко“ во кој гостуваат истакнати личности од јавниот, медиумскиот и политичкиот живот во регионот на Западен Балкан, објави ЦивилМедиа.
„Придружете ни се во уште една епизода од подкастот на Балканскиот форум за серијата Балканот и пошироко, во која учествува Џабир Дерала, ценет истражувачки новинар од Северна Македонија. Џабир е основач на ЦИВИЛ, водечка организација за човекови права, и добитник е на наградата за солидарност за новинари од Југоисточна Европа за 2024 година и со Орден за заслуги од претседателот Зеленски. Во оваа епизода го истражуваме патувањето на Џабир во новинарството, неговата посветеност на промовирање на демократијата и слободата на печатот и неговата борба против дезинформациите. Слушнете ги неговите искуства, предизвици и визија за иднината на новинарството и човековите права во Југоисточна Европа“, најави новинарката на почетокот од интервјуто.
Во 43-минутното интервју, меѓу другото, Дерала говореше за порастот на екстремно десниот национализам, што може да предизвика „сериозни безбедносни предизвици“. Тој рече дека „најавите“ за тоа веќе беа видени со безбедносниот инцидент во Бањско, Косово, минатата година. Линк