Составот на идната влада е работа на преговори меѓу политичките субјекти коишто добиле мандат, вели премиерот на Техничката влада Талат Џафери.
Ќе видиме како, според калкулациите, ќе бидат разговорите меѓу субјектите. Работата на конфигурација на идната влада е работа на преговори меѓу политичките субјекти коишто добиле мандати во Собранието по изборите одржани на 8, мај, така што по ова прашање треба да се очекува резултат од таму, рече Џафери на денешната прес – конференција по повод 100 дена Техничка влада.