Британскиот министер за одбрана, Џон Хили, денеска изјави дека очекува Америка, заедно со западните сојузници, да продолжи да дава помош за Украина сѐ додека е потребно.
Запрашан дали поддршката за Украина е намалена откако Доналд Трамп победи на претседателските избори во САД на 5 ноември, Хили за „Скај њуз“ изјави дека очекува Вашингтон да продолжи да му дава помош на Киев заедно со сојузниците, како Британија, додека Украина не победи во војната. Хели рече дека Трамп ќе разбере оти земјите се безбедни кога се силни и дека сојузите како НАТО го овозможуваат тоа.
За време на предизборната кампања Трамп зборуваше за завршување на војната во Украина во рок од 24 часа по преземањето на функцијата. Од победата на Трамп на изборите, американскиот претседател во заминување, Џозеф Бајден, се обиде да обезбеди американска поддршка за Украина. Белата куќа во објави дека ќе продолжи да ја зголемува хуманитарната и воената помош за Украина користејќи средства што веќе ги одобри Конгресот.