Војо Маневски: Ќе бидеме ли сведоци на понатамошни средби со вклученост на сите релевантни политички партии и стручната јавност? Ако тоа не се направи и оваа средба ќе биде запаметена како уште еден од обидите да се прикаже дека нешто ќе се менува, ама само за да не се смени ништо. Ваквите општествени процеси бараат што е можна поширока општествена поддршка, но и минимум искреност од главните носители на процесите. Поимот искреност не е емоционална категорија, туку збир од постапки кои ќе се исцртааат во една покривка која секаде во светот се нарекува –општествена одговорност на носителите на јавни овластувања.
Извор: ЦивилМедиа