Доха: Делегацијата на палестинското милитантно движење Хамас вечерва ќе го напушти Каиро каде што во присуство на посредници од САД, Египет и Катар се одржаа преговори за прекин на огнот и ослободување на заложниците од Газа.Во исто време, неименуван функционер изјави дека директорот на американската Централна разузнавачка агенција ЦИА Вилијам Барнс, итно ќе отпатува во Доха на разговори со премиерот на Катар, Мохамед Ал-Тани додека преговорите за ослободување од заложниците, според израелски медиуми, се „на работ на колапс“.
Бернс е на пат за Доха на итен состанок со катарскиот премиер, со цел да се изврши максимален притисок врз Израел и Хамас да продолжат со преговорите, рекол изворот.