Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Доделени наградите за новинарски стории поврзани со загадувањето на воздухот

0
By Marija Todorovska on January 31, 2024 ВЕСТИ, Медиуми
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) денеска свечено ги додели наградите за 2023 година за новинарски стории на тема: „Справување со загадувањето на воздухот во РС Македонија“.

Првата наградата е доделена на новинарката Катерина Топалова Дејановска за сторијата со наслов „Тешка зима“, објавено на „Дома.еду.мк“. Се работи за новинарски продукт составен од пет прилози во низа во кои е опфатено квалитетно и сеопфатно новинарско истражување, со осврт на законската регулатива и интервјуа.

Втората награда беше доделена на новинарката од „Види Вака“ Ангела Петровска за новинарскиот продукт со наслов „Земја без решение за чист воздух“, додека пак третата награда им беше доделена на новинарите Тони Михаилов и Игор Стојанов за темата со наслов ,,Текстилниот отпад – од загадувач до суровина и производ со нова вредност” објавена на „Гоце.мк“.

Покрај наградените, денеска посебно признание им беше врачено и на новинарите Бојан Блажевски, Мартин Пушевски и Христина Ѓорѓиевска за иновативен и креативен пристап и придонес кон кревање на јавната свест за животната средина.

На свечениот настан свои обраќања пред присутните имаа претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, амбасадорката на Шведска во Северна Македонија, Ами Ларсон Jаин и постојниот претставник на УНДП во земјава, Армен Григорјан, како и наградените новинари и претставници на комисијата за 2023 година.

Претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски во своето обраќање пред присутните истакна: „Секојдневно сме сведоци на разорните влијанија на загадувањето на воздухот врз здравјето на луѓето, животната средина и општеството во целина. Од градовите задушени од смог до индустриските локации кои испуштаат отровни гасови, доказите за оваа криза се непобитни. А сепак, премногу често, тој останува занемарен или потценет во јавниот дискурс.  Како новинари, ние мора да ја препознаеме моќта на медиумите, да го ставиме проблемот пред граѓаните, да бараме одговорност преку нашата медиумска застапеност и пласман на содржина. На овој начин имаме можност да поттикнеме значајни промени преку зајакнување на јавната свест, ангажирање во истражувачко новинарство. Преку нашата работа, можеме и мораме влијанијата на загадувањето на воздухот, да ги објасниме и доближиме до граѓаните“.

Амбасадорката на Шведска, Н.Е. г-ѓа Ами Ларсон Јаин потенцираше дека резултатите од работата на наградените новинари докажува дека во Република Северна Македонија “работат новинари способни да известуваат за сложени и предизвикувачки теми како загадувањето на воздухот со интегритет и посветеност.“ „Шведска останува посветен партнер на Северна Македонија во насока на пресретнување на еколошките предизвици и заедничка борба со загадувањето на воздухот“, потенцираше Ларсон Јаин.

Армен Григорјан, постојаниот претставник на УНДП во земјава, истакна дека улогата на новинарите за подигнувањето на свеста за потребата од справување со предизвикот на загадувањето на воздухот е исклучително значајна.

„За ефикасно спроведување на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ неопходно е силно партнерство со сите влијателни фактори во општеството. Во таа насока високо го вреднуваме придонесот на слободното и независно  истражувачко новинарство. Новинарите трагаат по одговор на најзначајните прашања – што го загадува воздухот кој граѓаните го дишат и кои мерки треба да се преземат? УНДП заедно со Шведска во проектот кој се спроведува во пет градови во земјата, со помош на науката и експертизата, се фокусира на истите прашања. Се мери надворешното, но и внатрешното загадување на воздухот во две училишта и градинки во секој од градовите. Студиите за распределување на изворите на загадување на воздухот ќе овозможат изработка и имплементација на најсоодветните планови за негово подобрување.“ – изјави Григорјан.

Целта на јавниот повик за истражувачките стории беше да се подигне свеста за постоечките проблеми со аерозагадувањето и да се поттикне поголема покриеност на овие теми од страна на новинарите на локално и национално ниво како придонес кон изнаоѓање на најдобрите начините за нивно решавање или ублажување.
загаден воздух ЗНМ новинарски стории УНДП
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.