Вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна втор пат по ред.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на шесте најважни светски валути, минатата недела зајакна за 1,6 отсто, на 106,67 поени.
Истовремено, курсот на еврото во однос на доларот падна за 1,7 отсто, на 1,0540 долари, блиску до најниското ниво во една година.
Ова е последица на пораката дека американската централна банка може да го забави темпото на олабавување на монетарната политика.