Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Долгот на Унгарија кон Кина вртоглаво расне, во должничката спирала вклучена и Северна Македонија

0
By Zoran Ivanov on August 27, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Буџетскиот дефицит на Унгарија сега достигна 4,5 отсто од БДП, надминувајќи ја границата од 3 отсто на Европската унија, пишува Фрстпост. Како одговор на загриженоста за придржувањето на земјата до стандардите на ЕУ, Брисел замрзна приближно 20 милијарди евра од фондовите на ЕУ по што , во јуни, Европската комисија го отвори патот за „процедура за прекумерен дефицит“ против Унгарија и шест други земји.

 Драган Мишев

Најголемиот заемодавач на Северна Македонија, орбановата Унгарија, која ја „почести“ новата Влада со околу 500 000 евра заем под, како што велат од владата, под многу поволни услови, самата се соочува со вртоглав пораст на надворешниот долг, од кој најголем дел отпаѓа на Кина.

Унгарската агенција за управување со долгот во јули откри дека Владата на Орбан обезбедила заем поголем од една милијарда евра од кинеските банки претходно оваа година. Претходно, Унгарија доби заем од 917 милиони американски долари од Пекинг за изградба на брза железница врска меѓу Будимпешта и Белград, клучна компонента на глобалната иницијатива „Појас и пат“ на претседателот Кси Џинпинг, проект кој се соочи со одложувања и доцни.

Буџетскиот дефицит на Унгарија сега достигна 4,5 отсто од БДП, надминувајќи ја границата од 3 отсто на Европската унија, пишува Фрстпост. Како одговор на загриженоста за придржувањето на земјата до стандардите на ЕУ, Брисел замрзна приближно 20 милијарди евра од фондовите на ЕУ по што , во јуни, Европската комисија го отвори патот за „процедура за прекумерен дефицит“ против Унгарија и шест други земји.

Претходно оваа година, владата на Орбан мораше да прогласи одложување на значајните јавни инвестиции поради слабиот економски раст и суспендираните фондови на ЕУ.

Во финансиската структура на унгарскиот долг најголем дел отпаѓа на заеми и инвестиции од Кина. Покрај овие заеми, Унгарија има и девизни обврзници во вредност од 3 милијарди CNY кои доспеваат за отплата на кинеските инвеститори оваа и следната година, што е еднакво на околу 380 милиони евра според сегашните девизни курсеви. Вкупната проценка е дека долгот на Унгарија кон Кина сега надминува 2,536 милијарди евра, иако експертите предупредуваат дека може да биде уште поголем.

Но, ако ја погледнеме другата страна на медаљата, Унгарија покрај финансиските, ги продлабочува и стратешките врски со Кина,  поради што расне загриженоста на ЕУ

Додека Европската унија ја гледа надворешната економска политика на Кина како сè попредизвикувачки, унгарската влада се чини дека не е вознемирена од растечката ранливост кон Кина. Всушност, администрацијата на премиерот Орбан постојано го олеснува присуството на Кина во Унгарија, почнувајќи со заедничкиот унгарско-кинески проект за железничката линија Будимпешта-Белград.

Дополнително, Унгарија се отвори за кинеските инвеститори со издавање државни обврзници деноминирани во јуани, додека раснеа кинеските инвестиции, особено во индустријата за батерии, што кулминираше со распоредувањето на кинески полицајци во Будимпешта и прифаќањето на големиот кинески заем. Владата долго време ги чуваше деталите за овој заем во тајност.

За време на посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на Унгарија во мај, лидерите на двете земји потпишаа 18 договори за заеднички инвестиции како дел од стратешкото партнерство. Меѓу овие договори, тие планираа да ја прошират унгарско-кинеската соработка низ целиот спектар на нуклеарна индустрија, да започнат подготовки за изградба на железнички прстен околу Будимпешта и да започнат работа на проект за брза железница што ќе го поврзува центарот на Будимпешта со аеродромот Ферихеги.

Дополнително, тие работат на заеднички развој на мрежа за полнење електрични автомобили, започнувајќи со изградба на „најмодерниот, најголемиот, најбезбедниот и најбрзиот транзитен“ граничен премин во Европа меѓу Унгарија и Србија и ја истражуваат можноста за нафтовод меѓу Унгарија и Србија, што покрај кинеското и унгарскотео,  ќе вклучува и српско учество. Самата Србија, како што пишуваше ЦивилМедиа, досега соработката со Кина ја чини зголемување на должничкото „ропство“ од 300 милиони на 3,7 милијарди евра, или дури 12 пати , додека кинеските инвестиции кои го преплавија истокот на Србија покажаа дека Пекинг не се грижи за правата на работниците и заштитата на животната средина.

Додека владата тврди дека партнерството со Кина е корисно, опозициските партии го критикуваа недостатокот на транспарентност и наводната корупција, тврдејќи дека проектите првенствено имаат корист за „најтесниот круг на Орбан“.

Премиерот Виктор Орбан води надворешна политика на „источно отворање“ од неговото враќање на власт во 2010 година, поттикнувајќи поблиски економски врски со Кина, Русија и другите азиски нации. Но, она што нас треба да не загрижува, е што спиралата на должничко-доверителските односи на орбановата Унгарија со Кина, преку заемот од 500.000 евра сега стигна и до Северна Македонија. Линк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.