Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дон Корлеоне за сиромашни

0
By Zoran Ivanov on November 7, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Наеднаш кадарот се шири, во центарот на камерата е тој, шефот, а околу него вредните помошници на кои не им е проблем што сега се хигиеничари, а до пред само една недела беа магистри по политички науки, заслужни граѓани, претприемачи, менаџери, лекари и аптекари. Не, тоа не е битно. Битно е шефот да е задоволен, а организацијата да напредува.

Срѓан Ивановиќ

Следуваше операцијата ‘ѓубре‘, по што организацијата уште повеќе го зацврсти својот углед кај народот, кој, ете, мораше да сфати дека за да му биде чисто, прво мора да му биде валкано. Да знаат луѓето која организација за нивни пари им мисли најдобро и да знаат за во иднина која тоа организација треба да поддржат.

„Со љубезен, но во исто време и строг поглед шефот погледнуваше наоколу по насобраната толпа составена од неговите аѓутанти, кои со срамежливи насмевки и по малку смотани движења на телото се фаќаа за метлите, лопатите и се качуваа на паркираните камиони. Следуваше операцијата ‘ѓубре‘, по што организацијата уште повеќе го зацврсти својот углед кај народот, кој, ете, мораше да сфати дека за да му биде чисто, прво мора да му биде валкано. Да знаат луѓето која организација за нивни пари им мисли најдобро и да знаат за во иднина која тоа организација треба да поддржат. Наеднаш кадарот се шири, во центарот на камерата е тој, шефот, а околу него вредните помошници на кои не им е проблем што сега се хигиеничари, а до пред само една недела беа магистри по политички науки, заслужни граѓани, претприемачи, менаџери, лекари и аптекари. Не, тоа не е битно. Битно е шефот да е задоволен, а организацијата да напредува. Сега го чистат ѓубрето од улиците, а ако треба, утре истото ќе го вратат назад. За да знаат сите дека нивната е последна“.

Вака некако јас си го замислувам четвртото продолжение од филмскиот класик „Кум“. Се разбира, доколку Марио Пузо беше меѓу живите за да го напише сценариото, а Френсис Форд Копола барем едно 10 години помлад за да ги издржи напорите што со себе ги носи режисерскиот занает.

Мислам дека новото продолжение наместо со свадба, ќе започнеше со прослава по повод магистрирањето на синчето на еден од ветераните на организацијата Коза ностра. Малиот е лојален и во новиот шеф гледа како на втор татко. А шефот, значи новиот Корлеоне не е со четвртаста вилица и заматен поглед, туку во духот на новото време делува повеќе ерудитски, да не речам професорски. Тој е непосреден, практичен, не го интересираат некакви извештајчиња и разбира дека моќта се освојува на улица, а не во канцеларија. Откако ќе завршат сите здравици посветени на неговото добро здравје, тој кумовски го повикува младиот магистранд и полугласно му вели каков план има за него.

– Да, мој дону, како ќе речете така и ќе биде – ќе се слушне на крајот од нивниот разговор, но публиката нема да знае што овој претходно му кажал, бидејќи Копола мајсторски тоа ќе го покрие со нежните звуци на носечката музичка нумера.

Потоа следува стандардна разврска. Донот е енигматичен, а малиот енергичен. Таму некој или можеби ќе биде поинтересно ако биде некоја мафијашка, им се одметнува и им прави проблеми. Ја трпат едно време, ама ја парализираат. Не може да мрдне. Додуша и таа не е многу паметна, ама храбра е и следува епска борба на „двете крила на организацијата“. Се прават и дилови со други „семејства“ и на таа што е против нив ѝ прават да не може да го собере ѓубрето од улиците. Граѓаните живеат во купишта ѓубре и тогаш малиот вика „ако мене ме засакате, јас за 72 часа ќе го соберам“. Луѓево викаат браво, ти си пред сè човек, а дури потоа мафијаш и го засакуваат. До толку го засакуваат што ја менуваат таа другата што им беше главна и го ставаат овој за главен.

Ах, ќе заборавев, се појавува на сред филм таму еден без факултет, ги нервира малку, ама брзо го решаваат бидејќи ја откриваат дивоградбата на татко му и го прават „пафте-пуфте“.

И додека трае процесијата на локалните фраери, кои церемонијално еден по еден му ја бакнуваат раката на Корлеоне, камионите за ѓубре од нигде никаде се појавуваат и почнуваат да го чистат ѓубрето. Пред сè човекот се качува на еден од камионите и од далеку му испраќа енигматска насмевка на шефот. Двајцата знаат, тоа што гледачите дури сега го дознаваат, односно дека тие тогаш на прославата сковале план како да се решат од таа дон-ката, а наместо луѓето да ги хејтаат, тие по сè да завршат како „херои на улицата“.

Го имам раскажано филмов на некои мои другари ми викаат „што знам некако наивно изгледало, односно било како „Кум за сиромашни“. Одговарам „да наивно, ама на скопјани ќе им се допадне“.

Да, на скопјани веќе им се допадна.

Текстот е сопственост на Слободен печат.мк

 

 

колумна срѓан иванович
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.