Доналд Трамп Јуниор, син на новоизбраниот американски претседател, на својот Инстаграм профил објави фотографија на која се потсмева на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Синот на Трамп објави видео, на кое се гледа Зеленски, со порака: „Ви остануваат уште 38 дена пред да го изгубите џепарлакот“.
На видеото се гледаат Трамп и Зеленски, како и банкноти од долари како паѓаат пред претседателот на Украина.
Трамп во својот победнички говор рече дека неговата цел е да ги запре војните, но не прецизираше како планира да го направи тоа.