Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дриблингот на Министерство за образование

0
By Влатко Чаловски on January 22, 2014 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Образованието служи за подобрување на животот на другите и за да се остават заедницата и светот подобри од тоа како сте ги затекнале“
-Меријан Еделман, американска активистка за правата на децата

Денеска (и во петок) околу 20.000 матуранти беа подложени на екстерно тестирање, а 3.000 професори ќе стискаат заби додека не се објават резултатите кон крајот на месецов. Министерот Ристовски вели се поминало во најдобар ред, а средношколците иако не се фанови на екстерното тестирање, излегоа среќни.

Мене должност која произлегува од професијата ми беше да проверам изминативе два-три дена (пред полагањата) зошто таква галама, а во јавноста информирав базирајќи се на „партиски соопштенија“.

Што би требало да значи ова? -Гледајќи како опозицијата и власта секојдневно си ставаат преписки за тоа дали треба да се укине екстерното, или пак треба ли да се модифицира, секако како најрелевантно го земаш Министерството за образование и наука. Е, ама тука наидуваш на уште поголем дриблинг. Поумешни се во тоа и од дриблинзите нна фудбалерот.

–Три дена скоро се јавуваш да добиеш одговор на неколку прашања, а на крај завршуваш со 15-ина до 20 свртени повици на неколку броја а тие или „ќе најдат простор па ќе се прејават“, или „тој и тој може да зборува за тоа, јас не…ама чекајте од кај ви е вам мојот број?“…како да е тоа поважно прашање од недокажаните одговори за екстерното тестирање. Но во ред (а не е), веројатно во Министерство сите знаеа дека матурантиве секако ќе полагаат, па кој ќе демагогираше небулози за џабе?!

И сега според вашите вреднувања околу тоа треба или не, корисно е или не е да се има екстерно тестирање, и сакате да видите каде се закочила работата, тоа би изгледало вака:

„Министерот за образование Спиро Ристовски, самиот призна низа пропусти нерегуларности во екстерното тестирање но ароганцијата на власта не и дозволува да го повлече проектот“ (Стефан Богоев, претседател на Социјалдемократска младина на Македонија).

Следуваше реакција од партијата на власт…

„Естерното тестирање значи крај на ерата во која царуваше неправично оценување кое започна во периодот на транзицијата кога нивните членови и функционери, непосветеноста и негрижата кон развојот на своите деца ја компензираа со поправање на оценките преку притисоци врз наставниците и професорите“ (Центар за комуникации на ВМРО ДПМНЕ)

И одново…

„ВМРО-ДПМНЕ за успешна “реформа” го смета екстерното тестирање, чие насилно спроведување создаде комплетен хаос во образовниот процес, психолошки и професионални стресови кај наставниците, учениците и родителите“ (реакција на СДСМ за реакцијата на ВМРО ДПМНЕ)

И одговорите на владејачката партија…

„СДСМ никогаш немале јасен концепт за развој на образованието. Дури и за една реформа каква што е екстерното оценување секој ден кажуваат различни ставови, еднаш се за екстерното оценување, друг ден се против, трет ден ќе го менуваат, четврт ден ќе го укинуваат“ (реакција на ВМРО ДПМНЕ за реакцијата на СДСМ по повод изјавите на претседателот на СДММ, Стефан Богоев)

Во меѓувреме, секретарките од Министерство кои рекоа ќе ме побараат (а ги барав јас неколку пати и им посочив дека редакцијата ми е многу близу до нивните канцеларии), и раководните лица до кои не можев да стигнам, веројатно не ни помислуваа на екстерните тестирања и моите напори да ги добиеме објаснувањата за измените и корекциите кои јавноста треба да ги знае. Инаку да, матурантите полагаа денес, тоа знаеме.

Воедно додека јас зборувам за неодговорноста кај луѓето од Министерството на кои должност им е да соработуваат со медиумите, ќе го чекам и нивниот портпарол, кој за волја на вистината беше најфин од сите нив и се прејави, колебајќи се што би кажал кога партиите веќе реагирале, но дека ќе најде време – не најде, така да ќе чекаме на резултатите, казните и наградите за професорите.

Нејсе, ама останаа прашањата од типот дали образовниот систем е подготвен за коректно оценување и успешна реформа, учат ли средношколците за знаење или само „да се положи“ (бидејќи прашањата веќе им беа објавени), зошто некои професори би биле оценувани по еден два или три предмети а некои по ниту еден.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.