Дрогата била најдена во контејнер во индискиот пристанишен град Пипавав во момент кога полицијата ја зајакна контролата на западната граница со цел да спречи шверц на наркотици од Иран и Авганистан.
Индиските власти запленија 90 килограми дрога вредна 58 милиони долари во пристаништето кое се наоѓа во западната држава Гуџарат , соопшти полицијата.
Тоа е трета заплена за две недели, пренесе Ројтерс.