Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Државниот врв на Криволак за меѓународната воена вежба „Одлучен удар“

0
By Biljana on May 31, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Преку вложување во регионалниот мир и глобалната стабилност, истовремено вложуваме и во сопствената безбедност“, рече претседателот и врховен командант на вооружените сили на Северна Македонија, Стево Пендаровски на затворањето на меѓународната воена вежба „Одлучен удар 21“, каде пред високи државни претставници од земјава и странство беа презентирани бојни гаѓања и офанзивна координираност.

„Оваа вежба е значајна за зајакнувањето на трансатлантското партнерство и преку тоа за безбедноста на Европа и на Западниот Балкан. Со заедничкото планирање и реализација на една ваква вежба, Северна Македонија и САД го афирмираат стратешкото партнерство кое долги години постои меѓу нас“, рече Пендаровски и додаде дека продолжуваат реформите во армијата, инвестирање во одбраната, модернизирање и опремување на армијата.

Премиерот Зоран Заев пак од Кривиолак порача оти е горд на македонската Армија, на војниците и офицерите и нивната желба за усовршување и унапредување.

„Со членството во НАТО не сме повеќе сами. Северна Македонија никогаш повеќе нема да биде ставена ниту ставена под прашалник ниту изолирана од светот. Како дел од моќното НАТО-семејство, како неизоставен дел од безбедносниот штит на најмоќниот воен сојуз во светот нашата држава стана фактор за стабилност во регионот, извозник на безбедност“, рече Заев.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска истакна дека тука сме да покажеме дека моќта на НАТО е во неговото заедништво.

„Северна Македонија веќе не е партнерот или еден од партнерите на НАТО кој се обидува својата Армија да ја доближи до сојузничките армии. Денеска сме сојузник во Алијансата со Армија која е рамноправна, сојузничка и која ја гарантира безбедноста и сигурноста на сите свои граѓани, но и заедно со другите армии на сите граѓани коишто се дел од Алијансата. Во изминатите 14 дена пешадиските и специјалните единици на армиите на С.Македонија, САД, Грција и Бугарија покажаа дека дејствуваат како едно, дека тие се моќта на НАТО, дека македонскиот војник во акција може да го довери својот живот на американскиот, на бугарскиот и грчкиот или, пак, да го брани животот на секој свој сојузнички колега додека се одвива акцијата“, рече Шекеринска.

Таа изрази надеж дека онака како што работеа нашите војници и офицери, нашите сојузнички армии така во следните недели заеднички ќе работат и нашите избрани претставници и политичари и ќе донесат одлуки коишто ќе бидат инвестиција и политичка, а не само воена во нашата заедничка безбедност и иднина.

Вежбата „Одлучен удар 21“ почна на 17 мај, а ќе биде финализирана на 2 јуни. Учествуваат околу 1500 војници, а ја предводат армиите на Република Северна Македонија со 1.100 припадници и на САД, со 300 учесници. Армиите на Грција и на Бугарија учествуваат со по 20 припадници.

На армискиот полигон во Криволак, покрај претседателот на Собранието Талат Џафери, присуствуваа и претседателот на државата Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и други министри во Владата, министерката за одбрана на Црна Гора, потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, членови на собраниската Комисија за одбрана, началникот на Генералштабот, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски и други високи армиски претставници, амбасадорката Кејт Мари Брнз, како и дипломатскиот кор присутен во Република Северна Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.