Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Државното правобранителство за разрешувањата на правобранителите Јанкуловски и Вељановски

0
By Marija Todorovska on January 11, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државниот правобранител на Република Северна Македонија од страна на Владата на Република Северна Македонија е известен дека од страна на Група граѓани на ден 12.10.2022 година до Влада на Република Северна Македонија, била доставена пријава за незаконско работење на државниот правобранител за подрачје Скопје Јане Јанкуловски, во врска доставено мислење по Нацрт Договор за оттуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на непосредна спогодба за оформување на градежна парцела, соопштија денеска од Државното правобранителство на РСМ.

– По разгледување на пријавата и доставените прилози кон истата констатирано е дека на ден 12.10.2018 година Државниот правобранител за подрачје Скопје Јане Јанкуловски до Министерство за транспорт и врски на Република Северна Македонија доставил мислење со укажување со кое бара од органот да појасни дали од урбанистички аспект постојат пречки за отуѓување на градежното земјиште имајќи ја во предвид Службената белешка од 07.09.2018 година потпишана од Дипломиран инженер архитект во која е констатирано дека од урбанистички аспект постојат пречки за отуѓување/давање под долгорочен или краткорочен закуп на предметното земјиште сопственост на Република Македонија. Доставеното мислење со укажување од Државниот правобранител Јане Јанкуловски било дадено на ден 12.10.2018 година во 11,43 часот, повторно барање за мислење до Државениот правобранител било доставено на ден 12.10.2018 година во 12,03 часот, а Државниот правобранител за подрачје Скопје Јане Јанкуловски без да добие Службена Белешка од инженер – архитект дека од Урбанистички аспект не постојат пречки за оттуѓување на градежно земјиште на ден 12.10.2018 година во 12.12 часот доставил ПОЗИТИВНО мислење за отуѓување предметното градежно земјиште сопственост на Република Македонија, се појаснува во соопштението.

Имајќи предвид дека дел од наводите во претставката се основани, соопштија од Државното правобранителство, биле поднесен предлог за разрешување на Државниот правобранител за подрачје на Скопје Јане Јанкуловски поради нестручно и несовесно работење, од функцијата Државен правобранител за подрачје на Скопје.

Како што соопштија од Државното правобранителство, државниот правобранител на Република Северна Македонија со Резолуција доставена од страна на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција РО бр.292/21 од 11.12.2023 година е известен дека Државниот правобранител за подрачје на Струга Мирко Вељановски, ја злоупотребил својата службена положба и овластување, со пречекорување и неизвршување на својата службена должност и овластувања, бидејќи дал позитивно мислење по однос на доставено нацрт Решение за приватизација, во кое очигледно дека не биле отстранети претходно констатираните недостатоци, ниту пак фактичката состојба била утврдена целосно за да може да биде донесено такво Решение.

– Имајќи го во предвид ваквото известување, а имајќи го во предвид дека на тој начин престанал условот државниот правобранител да ужива углед за вршење на функцијата, беше поднесен предлог за разрешување на Државниот правобранител за подрачје на Струга Мирко Вељановски поради нестручно и несовесно работење, од функцијата Државен правобранител за подрачје на Струга, се вели во соопштението .

државен правобранител
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025

Токио: Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025

Хамнеи: Трамп нека продолжи да сонува дека САД ги уништиле иранските нуклеарни капацитети

October 20, 2025

Граната го погоди обезбедувањето на Џеј Ди Венс за време на воена вежба во Калифорнија, нема повредени

October 20, 2025
ФОКУС

Блумберг: Украина и Европа подготвуваат мировен план од 12 точки за крај на војната

ВЕСТИ October 21, 2025

Европските земји во соработка со Украина изработуваат предлог од 12 точки за запирање на војната,…

Премиера на документарниот филм за кошаркарскиот клуб „Работнички“

October 21, 2025

Минималните трошоци на четиричлено семејство во октомври зголемени за околу 500 денари

October 20, 2025

Во Скопје ќе има втор круг, градоначалник ќе се бира меѓу Ѓорѓиевски и Мециновиќ

October 20, 2025
ТИКЕР

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025

Токио: Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025

Хамнеи: Трамп нека продолжи да сонува дека САД ги уништиле иранските нуклеарни капацитети

October 20, 2025

Граната го погоди обезбедувањето на Џеј Ди Венс за време на воена вежба во Калифорнија, нема повредени

October 20, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.