Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДУИ се предомисли: Ќе гласа за Законот за антидискриминација

0
By Соња Петрушевска on January 25, 2019 ВЕСТИ
Фото:МКД
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ДУИ се предомисли и ќе гласа за Законот за антидискриминација. Вицепремиерот Бујар Османи за НОВА изјави дека пратениците на ДУИ ќе гласаат за Законот.

„ДУИ го подржува овој Закон и ќе гласаме за подршка на Законот“ рече Османи. За изјавата која пред само два дена ја даде во Топ Тема, а која предизвика реакции кај невладините организации  дека во ДУИ има дилеми за Законот „за ЛГБТ заедницата и други спорни категории“, Османи вели дека била извадена од контекст.

„Точно е дека реков дека сеуште има предрасуди во партиите, вклучувајќи ја и мојата партија поради некои мислења дека можеби електоратот има предрасуди. Јас мислам дека и електоратот и луѓето созреваат во однос на ова прашање и ДУИ го рефлектира тој став и дава подршка “ кажа Османи.

Промената на ставот на ДУИ следува по средбата со францускиот амбасадор Тимоние кој му сугерирал на Османи дека овој закон е европски и важен за приклучувањето на земјата во европското семејство. На средбата  присуствуваа и француските пратеници Лилјана Танги и Жак Мер кои се во посета на земјата, за подготовка на македонскиот тим за почеток на преговорите со ЕУ. „Оние кои го блокираат донесувањето на Законот, го блокираат патот кон ЕУ“ вели Тимоние.

„ Токму за овој Закон зборував и утринава пред потпретседателот на Владата Бујар Османи дека и тој Закон е многу важен и реформски исто како и Законот за борба против корупцијата и реформите во правосудството. Станува збор за закони кои ги бара Европската комисија. Затоа му реков на Османи дека не станува збор само за закони, чисто како текст туку за вистински европски вредности, вредности кои се важни за индивидуата и навистина сакам да потенцирам дека сите оние кои го блокираат Законот треба да размислат дека всушност ја блокираат земјата на нејзиниот пат кон Европската унија“ изјави францускиот амбасадор Тимоние на прашање на НОВА.

Уште во јули минатата година, пратениците ја усвоија потребата од донесувањето на Законот за антидискриминација, но од тогаш е заглавен во комисиските тела – за труд и социјална политика со која претседава Влатко Ѓорчев и за европски прашања која ја води Артан Груби.

ВМРО ДПМНЕ: Законот е неприфатлив 

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека се против секаков вид на дискриминација но  Законот е неприфатлив затоа што во него е исклучена дефиницијата за брак како заедница на маж и жена, што е вовед за хомосекусални бракови и посвојување на деца. Исто така со Законот се воведува нов термин „ родов идентитет“ со што родот не се дефинира како биолошка детерминанта туку станува флуиден.

Од таму уште додаваат дека и МПЦ и Исламската верска заедница се против Законот и дека ова прашање различно е регулирано во земји кои се веќе членки на Унијата.

Според собраниска процедура, Законот мора да биде разгледан на двете комисии за да стигне на гласање во Собранието.

Од Хелсиншкиот комитет сметаат дека неприфаќањето на законот е скандалозно дека вакви прашања не смеат да бидат предмет на договор меѓу партиите.

Во новиот текст на Законот за антидискриминација  за првпат сексуалната ориентација и родовиот идентитет се воведуваат како основи за дискриминација. Во поимникот се вметнуваат нови термини меѓу кои „лице со попреченост“, „соодветно приспособување“ и „пристапност до инфраструктурата, добрата и услугите“. .

Името на „Комисијата за заштита од дискриминација“ се менува во „Комисија за спречување и заштита од дискриминација“, а нејзините надлежности се прошируваат во насока на превенција. Новиот закон предвидува јасни критериуми за избор на членови на Комисијата, а тие добиваат статус на функционери, со цел да се професионализира Комисијата.

Во однос на судската заштита, се воведува тужба за заштита од дискриминација од јавен интерес и се укинува потребната писмена согласност од странките во вакви случаи, доколку се работи за група. Со ова дополнување, здруженија, фондации или други организации од граѓанското општество, како и неформални групи кои имаат оправдан интерес за заштита на одредена група, или во рамките на својата дејност се занимаваат со заштита од дискриминација, можат да поднесат тужба, ако со постапувањето на тужениот се дискриминирани поголем број лица.

Исто така, се ослободуваат од судски трошоци лицата коишто ќе поведат судска постапка за заштита од дискриминација и се зголемува износот на прекршочните одредби за правни и физички лица за кои ќе се докаже дека сториле дискриминација.

Законот веќе има добиено позитивно мислење од Венецијанската комисија и е дел од пакетот закони според кои ЕУ ќе ја оценува Македонија во делот за унапредување на човековите права.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.