Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Двете лица на Сиљановска Давкова и безимената држава

0
By Zoran Ivanov on August 1, 2024 ИЗБОР
epa11407951 North Macedonia's President Gordana Davkova Siljanovska (L) and Greek Foreign Minister Giorgos Gerapetritis (R) react after his arrival at the South-East European Cooperation Process (SEECP) Summit for heads of state and government in Skopje, North Macedonia, 13 June 2024. The President of North Macedonia hosted the Summit of Heads of State and Government of the participants in the Cooperation Process in South-Eastern Europe (SEECP) as a final activity within the framework of the Macedonian chairmanship of the Process under the motto 'Bridging the divisions, building trust'. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поради преголемата слобода на мислата на претседателката од нејзиниот вокабулар магично исчезна не само уставното име „Република Северна Македонија“ туку и спорното кратко „Македонија“ кое особено ги лути јужните соседи поради истото име со нивната северна покраина „Македонија“, официјално признаена каде се наоѓаат археолошки локалитети од древното македонско кралство на Александар Македонски, познати и посетени од туристи од целиот свет.

Марина Дамческа

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова и грчкиот министер за надворешни работи Јоргос

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го задржува своето право во официјалната комуникација и во официјалните документи да го користи уставното име, а откако ја „искараа“ на инаугурацијата, државава остана безимена во нејзините официјални настапи. На завршната прес-конференција на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците во ПСЈИЕ претседателката како вешта ораторка ниту еднаш не го спомена името на државава која е домаќин и претседавач и само еднаш спомена „македонско претседавање со процесот“. Официјално на прес-конференцијата покрај албанскиот претседател Бајрам Бегај и црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ ја претставија како „претседателка“, а таа им се заблагодари од лично име и од име на граѓаните.

Таа беше децидна дека не го прекршува Уставот со некористењето на уставното име и таквото однесување смета дека нема да предизвика проблеми за државава. Таа се повика на божественото „право на секој од нас“, од римскиот бог Јанус, бог на сонцето, а подоцна и на војната и мирот кој според митологијата имал 2 лица: едно младешко, што гледало напред, во иднината, и едно старо, што гледало назад, во минатото.

Грчките медиуми ја пренесуваат нејзината изјава дадена на завршната конференција на состанокот на ПСЈИЕ во Скопје, но наместо богот Јанус во преводот од македонски на грчки напишаа „симболот јин-јанг“.

– Да потсетам дека моите лични документи, пасош, лична карта, сите документи што излегуваат од Кабинетот се со уставното име, тоа е во рамките на меѓународното право и во рамките на Уставот. Точно е дека секоја изјава на луѓето од политиката, оние на функции се толкува како да е официјален чин, но секој од нас, како Јанус, е со две лица, едно официјално и едно друго. Како човек имам право, повторувам од времето на Сократ до денес, во рамките на слободата на мислата и слободното изразување на мислата, да се изразам како што се изразувам така како што тоа го правам и не мислам дека тоа е прекршување ниту на Уставот ниту на меѓународното право – рече синоќа Гордана Сиљановска Давкова одговарајќи на новинарско прашање.

Поради преголемата слобода на мислата на претседателката од нејзиниот вокабулар магично исчезна не само уставното име „Република Северна Македонија“ туку и спорното кратко „Македонија“ кое особено ги лути јужните соседи поради истото име со нивната северна покраина „Македонија“, официјално признаена каде се наоѓаат археолошки локалитети од древното македонско кралство на Александар Македонски, познати и посетени од туристи од целиот свет. Од првиот час на инаугурацијата на Сиљановска некористењето на уставното име грчката страна го толкува како кршење на Договорот од Преспа, за што реагираа и Вашингтон и Брисел.

Точно е дека и Бајден во своите говори и прес конференции во Вашингтон и низ американските држави кога говори за внатрешни проблеми го користи краткото име „Америка“, но кога ја претставува оваа моќна држава на меѓународната политичка сцена не ја минимизира нејзината величина и углед и не го заборава или изоставува целосното име на суперсилата.

Оваа споредба со Бајден неодамна ја истакна и самата претседателка како изговор дека зошто не мора да го користи уставното име кое патем, според Преспанскиот договор е за севкупна употреба. Овој договор од друга страна не го забранува користењето на придавката „македонски“, ниту го оспорува македонскиот јазик и нацијата, што и грчката страна, тогашната опозиција, а сегашната власт на Нова Демократија го оцени како лош договор при потпишувањето од Заев и Ципрас во 2018 година, но Мицотакис по доаѓањето на власт не го оспори ниту помисли да го суспендира. Договорот од Преспа и покрај сите негодувања и референдумскиот исход го отвори патот на државава во НАТО, а потоа и го овозможи почетокот на пристапните преговори за членство во ЕУ.

Сиљановска тврди дека не отстапува од европскиот пат, но нејзината реторика не кореспондира со декларираните заложби. Регионалната соработка, почитување на соседите и градење на стабилни економски, политички и безбедносни врски е услов за трасирање на единствениот пат кој е полноправно членство во ЕУ.

Претседателката се пофали дека грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис при кратката посета на Скопје упатил „регионално обоени“ пораки, како земјите од регионот треба да си помагаат, да се гради владеење на правото и почитување на меѓународното право. За заменик министерката за надворешни работи на Грција, Александра Пападопулу рече дека ја познава од минататото.

Но познанството со Пападопулу кога таа пред 12 години беше амбасадорка во Скопје не значи многу бидејќи искусната дипломатка во интервју за „360 степени“ ја посети македонската претседателка дека право на самоопределување и слобода на изразување може да важи за обичните граѓани, но не и за високите државни преставници кои ја претставуваат државата.

– Кога премиерот, претседателот или министерот за надворешни работи, или министерот за одбрана зборуваат во официјален капацитет, тие ја претставуваат државата, а државата има уставно име кое е утврдено и договорено со меѓународен договор заклучен во рамките на резолуции на Советот за безбедност на ОН. Дозволете ми уште еднаш да појаснам – ова име, уставното име на земјата е име за севкупна употреба (ерга омнес) договорено во согласност со меѓународното право и мора да се почитува. Тоа не е лично прашање – потсети Пападопулу.

Освен што претседателката Сиљановска-Давкова не го изусти уставното име при давањето на заклетвата на 12 мај, тоа се изгуби и од нејзиниот официјален веб сајт. На чествувањето во Ватикан однесе венец на кој сакала да пишува „РС Македонија“, но немало доволно место, а од кабинетот на италијанскиот претседател Џорџо Матарела излезе со напишана изјава која збунето ја прочита и во која државава не ја спомена воопшто, а исто така и во Берлин. Во ниту едно соопштение од Кабинетот на претседателката за сите досегашни официјални средби со амбасадори и странски државници не стои официјалното име на државата, што остава впечаток дека институција е Гордана Сиљановска-Давкова во држава чие име не вреди јавно да се изусти. Линк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.