Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

DW:На денешен ден пред 60 години почна да се гради Берлинскиот ѕид

0
By Mirjana on August 13, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Бранденбуршката порта е затворена”, тоа беше ударната вест со која новинската агенција Асошиетед прес, во раните утрински часови на 13 август 1961година , го извести светот дека почна градењето на Берлинскиот ѕид, потсетува Дојче Веле

Жителите на Берлин гледаа со неверување на она што се случи на 13 август 1961 година. Безбедносните сили на ГДР ја оградуваа границата околу нивниот сектор. Народни полицајци и граничари, членови на борбени групи го рушат тротоарот и поставуваат барикади од камени блокови и ги поврзуваат со бодликава жица. Само неколку контролни пунктови останаа отворени, а речиси сите трамвајски и железнички линии се прекинати. Берлин стана поделен – и така ќе остане следните 28 години. Германската Демократска Република (ГДР) ги „заѕида“ своите граѓани.

Ова е среќна вест за тајната служба на ГДР, организирана во Министерство за државна безбедност (МфС) на чие чело долги години беше Ерих Милке. До ваков заклучок дојдоа Даниел и Јирген Аст, како и Ханс – Херман Хертле, автори на документарецот на АРД во копродукција со Дојче Веле.

Ѕидот, а со тоа и изолацијата на Источна Германија за Штази е „гарант на моќта, еликсир на живот“. Од 13 август 1961 до 9 ноември 1989 десетина илјади соработници на Штази имаа само една цел – да го направат ѕидот непремостлив за својот народ.

 Германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер , изградбата на ѕидот ја нарече„ почеток на крајот“ за комунистичкиот режим кој во тоа време тврдеше дека ѕидот е граден за да ја заштити земјата од фашизам.

Тој ги повика Германците , да не дозволат сеќавањата на тој период да избледат и да исчезнат и ги повика активно да учествуваат во демократијата која вклучува и гласање на националните избори во земјата, следниот месец.

„Бранденбуршката порта е затворена”, тоа беше ударната вест со која новинската агенција Асошиетед прес, во раните утрински часови на 13 август 1961година , го извести светот дека почна градењето на Берлинскиот ѕид, потсетува Дојче Веле. Портата се наоѓаше точно меѓу источниот и западниот дел на градот, а војниците и Народната армија на Демократска Република Германија, ги блокираа сите вообичаени премини во Западен Берлин , прво со бодликава жица.

Берлин беше политички поделен веднаш по завршувањето на Втората Светска војна но луѓето можеле уште слободно да се движат.

„Операцијата обезбедување на границите“ која претседателот на Демократска Република Германија Ерих Хонекер тогаш ја почна, беше заклучување на поделбата на Берлин а со неа беше спречено бегањето кон Сојузна Република Германија бидејќи од 1949 во таа земја пребегнале 2,6 милиони луѓе.

Тој масовен егзодус беше економски погубен за земјата која во тоа време, веќе се соочуваше со голем недостаток од работници , но и лекари.

Низ годините двете земји се вооружуваа и создадена е состојба на „ рамнотежа на страв“ состојба која траеше се до падот на Берлинскиот ѕид во 1989.

Поделениот Берлин беше жариште на борба на два система каде победничките сили 1945 година го поделија на четири сектори од кои во источниот дел на градот командувале Советите, а во западниот Американците, Британците и Французите.

За време на 28-те години постоење на ѕидот пред него или на него починале најмалку 140 луѓе а сеќавањето на него е олицетворено во едно парче од ѕидот долг 200 метри, кој сеуште стои во улицата Бернауер штрасе кое служи за место каде се собираат сведоците  на тогашните случувања и на чии сеанси доаѓале и повеќе млади.

 

60 г Берлинки ѕид поделен Берлин
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025
ФОКУС

Марија Корина Мачадо добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година

ВЕСТИ October 10, 2025

Нобеловиот комитет соопшти дека добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година е венецуелската…

Израелската влада го одобри договорот со Хамас

October 10, 2025

Трамп: Ја завршивме војната во Газа

October 9, 2025

Скопје: Втор ден Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет

October 9, 2025
ТИКЕР

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.