Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Европската Унија (ЕУ) и Јапонија го подржуваат зеленото финансирање во Северна Македонија со нови средства за НЛБ Банка АД Скопје.
Кредитот на ЕБОР од 4 милиони евра, доделен на НЛБ Банка АД Скопје, ќе ги поддржи инвестициите во енергетска – ефикасност за домаќинствата, станбените заедници, производителите и давателите на услуги. Покрај кредитите, клиентите ќе добијат и поврат на средствата од грантот доделен од Европската Унија (ЕУ) и Јапонија, во износ до 20 отсто од целата инвестиција.
Договорот за кредит го потпишаа Матео Колангели, регионален директор за Западен Балкан на ЕБОР и Тони Стојановски, главен и извршен директор, претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје.
ЕБОР овозможува ЕУР 4 милиони за кредитирање на домаќинствата во С. Македонија.
Целта на кредитот е подобрување на зелените стандарди, намалување на емисиите на јаглероден диоксид и подобрување на квалитетот на живот во С. Македонија.
Поддршката од Европската Унија и Јапонија со грантови ќе овозможат инвестициите на домаќинствата да бидат попристапни. Линк