Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Една честитка и пет несмасности

0
By Zoran Ivanov on August 28, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Јас мислам дека од неизмерни среќа и радост човек може да умре. Можеби и да се вознесе. Не верувам дека претседателката сакала да му посака на Стефан да се вознесе од среќа и радост.

Бранко Тричковски

Сакам малку да цепивлакнам над дел од честитката на Сиљановска до архиепископот Стефан и до сите верници по повод празникот Успение на Пресвета Богордица:

“Дозволете ми….Најискрено Ви посакувам празникот да го поминете, пред сè, во добро здравје, во мир и спокој, исполнети со неизмерна радост и среќа.”

Забележав неколку несмасности во честитката.

“Дозволете ми” е протоколарен вишок кој ја обременува па дури и компромитира честитката како емотивна комуникација.

Особено на ваков празник и помеѓу луѓе кои не би требало да ги разделува вакво ниво на административно фразерство.

Второ, што бара во честитката зборот “најискрено”? Зошто “најискрено”. Наместо искреноста тој збор ја потенцира пресметаноста и административноста. Трето, зошто “пред се”. Тоа скалирање на желбите е особено глупав вишок. Прочитајте ја реченицата без тој вовед и ќе видите колку ќе звучи потечно, поприродно, понепосредно, поискрено.

Четврто: зошто и било потребно на претседателката на Нашата земја да посака “неизмерна радост и среќа”. Какви се таа среќи и радости кои се неизмерни. Јас мислам дека од неизмерни среќа и радост човек може да умре. Можеби и да се вознесе. Не верувам дека претседателката сакала да му посака на Стефан да се вознесе од среќа и радост.

Петто: “мирот и спокојот” не можат да бидат “исполнети со неизмерна радост и среќа” затоа што “неизмерната радост и среќа” по дефиниција се состојба која е спротивна на спокојството и мирот.

Немав други амбиции во оваа занимавање со честитката на Сиљановска освен добронамерно да укажам на јазикот и на стилот кои се на многу ниско ниво ако во една реченица можат да се регистрираат пет несмасности. Јазикот во јавната комуникација и сериозно оштетен што значи дека секој од нас па и претседателката, мораме да обрнеме поголемо внимание на тоа што и како пишуваме и зборуваме.

 Од Фејзбук ѕидот на авторот

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.