Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ексклузивно: Ла Ру бара судот да го ослободи Кежаровски

0
By Сашка Цветковска on October 12, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Во ексклузивно интервју Франк Ла Ру, специјалниот известувач на ОН со уредничката на НОВА, Сашка Цветковска, говори за судењето на Кежаровски, охрабрувајќи ги судовите да го ослободат.

Цветковска: Господине Ла Ру, бевте во Македонија пред само неколку месеци и сакавте да го посетите новинарот Кежаровски и откако заминавте, се одвиваше едно забрзано судење, а пресудата ќе се знае следната недела. Која би била вашата порака до властите бидејќи ние. новинарите, не сме толку оптимисти?

Ла Ру: Верувам дека тешко е за мене да дадам мислење за самото судење, но ги бранам принципите што новинарите можат да бидат осудени за заштитата на информациите и вестите поврзани со било кој настан.

Ако тоа е случајот, ги охрабрувам судовите да го ослободат човекот, бидејќи мислам дека е важно да се гарантира слободата на изразување и слободата на печатот. Нема да коментирам за самите факти поради тоа што го кажав, но ќе коментирам за фактот што не верувам дека судското гонење треба да ја загрози слободата на печатот.

Цветковска: Во Скопје дојдовте на покана од Владата, во однос на вашата подготовка на извештајот за слободата на изразување, но откако заминавте, сите про-владини медиуми, тврдеа дека сте финансирани од Сорос…

Одговорот на Ла Ру и останатиот дел од интервјуто можете да го видите во видеото.

На специјалниот известувач на ОН Франк Ла Ру за време на неговиот престој во Македонија во јуни оваа година не му беше дозволено да го посети новинарот Кежаровски.

Освен тоа, тој ги повика властите да го истражат случајот со сообраќајната несреќа на Младенов. Ла Ру пренесе дека не бил задоволен од одговорот на надлежните институции зошто нема истрага за смртта на Никола Младенов и дека според него не може овој случај да се третира како вообичаена сообраќајна несреќа:

– Ги повикувам надлежните македонски органи да започнат темелна истрага за овој ноторен случај со цел бргу да се распрсне облакот на сомнеж и страв што беше создаден со трагичната смрт на г-динот Младенов, рече тогаш Ла Ру.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.